Монетарна економија

Sajnoski, Krste (2011) Монетарна економија. ISBN 978-608-4504-42-9.

Full text not available from this repository.

Abstract

Скриптава е наменета, пред сè, за студенти на економските факултети
и на пошироката стручна и научна јавност. Конципирана е така за да се
оформи како учебник по предметот Монетарна економија. Целта е на
систематски начин да се објасни појавата на парите како посреднички
производ во размената и на нивниот развој во сила која игра голема улога во функционирањето на пазарните економии во современиот свет.
Појдовна точка во објаснувањето е тоа дека појавата и развојот на
парите се случуваат во пазарни стопанства и нивната економска улога
најцелосно доаѓа до израз во такви средини. Доколку во економијата постои слободна понуда и побарувачка парите ја остваруваат својата улога како пасивен фактор во стопанските случувања. Секое отстапување од целосното остварување на пазарниот принцип на слободна понуда и побарувачка, независно од причините, повлекува определени деформации во некоја од функциите на парите. Од денешен аспект гледано, до најголеми модификации дојде (по напуштањето на златно-девизниот стандард) во остварувањето на функцијата на парите како мерка на вредноста и мерило на цените и на функцијата на парите како светски пари (со наметнувањето на неколку национални валути во функција на светски пари, при флуктуирачки курсеви во меѓувалутните односи во светот). Таквиот развој на парите во функција на светски пари има силно влијание врз конципирањето и спроведувањето на националните монетарно-кредитни политики.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Krste Sajnoski
Date Deposited: 19 Dec 2012 15:19
Last Modified: 06 Apr 2015 13:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4009

Actions (login required)

View Item View Item