Delipetrov, Todor and Doneva, Blagica and Delipetrev, Marjan and Karakashev, Deljo (2011) Геотермален потенцијал на кочанската котлина. Geotermalna energija vo Makedonija - Kocanska depresija, 1 (1). pp. 3-29. ISSN 978-608-65280-0-3
Preview |
Text
geotermalna energija Kocani.pdf Download (32MB) | Preview |
Abstract
Брзиот индустриски развој во светот во последните педесетина години во основа се темелеше на евтините енергетски суровини (нафта и јаглен). Високата цена на фосилните горива и сé поразвиената еколошка свест, доведоа до зголемен интерес на искористување на алтернативните видови енергија (сончевата, ветерната, геотермалната, мали хидроцентрали итн.).
Користењето на геотермалната енергија во светот, посебно во земјите со високи температурни полиња, е доста развиено, но и земјите со ниски температурни полиња, како што е Македонија, користењето на оваа енергија е во подем.
Цел на оценката на геотермалните ресурси е да се даде севкупната претстава на геотермалниот потенцијал под одредена територија во нумеричка форма, која е неопходна за долгорочни инвестициони планови. Тоа значи дека, оценката на геотермалните ресурси мора да се прави на основа на постоечките податоци и истражувачки резултати и тоа пред да се пристапи кон одредување на политиката на идни истражувања и инвестиции. Оценката на геотермалните ресурси претставува повеќе прогноза, отколку докажување на постоечка геотермална енергија.
Територијата на Република Македонија спаѓа во релативно добро истражените простори, од регионален геолошки аспект, а со тоа има доста податоци и за геотермалната потенцијалност. Основен недостаток е што податоците не се систематизирани во една компјутерска база која ќе биде лесно достапна за идните инвеститори.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Blagica Doneva |
Date Deposited: | 18 Dec 2012 14:39 |
Last Modified: | 18 Dec 2012 14:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3952 |
Actions (login required)
View Item |