Nikodinovska Krstevska, Ana and Kosevaliska, Olga and Maksimova, Elena (2026) Меѓународни, европски и национални правни режими за миграција и азил. 2-ри Август, Штип. ISBN 978-9989-947-05-6
International, European and National Legal Regimes on Asylum and Migration.pdf
Download (2MB)
Abstract
Публикацијата „Меѓународни, европски и национални правни режими за миграција и азил“ претставува збирка од осум научни трудови на десет домашни и странски автори, посветени на современите предизвици во областа на бегалското право, миграцијата и азилот. Нејзината основна цел е да ја збогати научната и стручната литература на македонски јазик и да овозможи систематизиран пристап до релевантни истражувања од меѓународна, европска и национална перспектива.
Трудовите обработуваат прашања поврзани со миграциските политики на Европската Унија, управувањето со нерегуларната миграција, спасувањето мигранти на море, забраната за колективно протерување, заштитата од трговија со луѓе и трудова експлоатација, судската практика на Европскиот суд за човекови права, како и правната терминологија и политичките аспекти на азилот. Посебно внимание е посветено на Северна Македонија и предизвиците во примената на меѓународните и европските стандарди.
Публикацијата е резултат и на повеќегодишната академска и институционална соработка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со УНХЦР, како и на заедничките истражувачки заложби на домашни и меѓународни научници. Нејзината научна и општествена вредност се состои во унапредувањето на знаењето, поттикнувањето на академската дебата и афирмирањето на пристап кон миграцијата и азилот заснован врз човековите права, солидарноста и владеењето на правото.
| Item Type: | Book |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Political Science |
| Divisions: | Faculty of Law |
| Depositing User: | Ana Nikodinovska Krstevska |
| Date Deposited: | 02 Nov 2026 09:04 |
| Last Modified: | 02 Nov 2026 09:04 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/39356 |
