Katerina, Despot and Vaska, Sandeva (2025) Современ дизајн на столици за вработените во институциите од култура. [Show/Exhibition]
Абстракт. (4).pdf
Download (60MB)
Abstract
Проектот „ Современ дизајн на столици за вработените во институциите од култура“
претставува дизајнерско истражување и развој на концептуално решение за столици, наменти
за вработените во културните институции.
Фокусот е ставен на процесот на дизајнирање, специфично ликовно изразување и
презентација преку изложба. Преку современи алатки и методи од областа на индустрискиот
и дизајнот на мебел, проектот ќе обезбеди јасна визија на идејата.
Проектот не само што ќе го нагласи значењето на дизајнот во работната средина, туку ќе го
поттикне развојот на креативната индустрија преку практична имплементација на дизајнерски
процес- од идеја до изложба. Секој модел е замислен да биде лесно препознатлив, со
суптилни елементи кои асоцираат на културни симболи, апстрактна уметност или
архитектонски детали типични за регионот.
Проектот ќе придонесе кон подигање на свеста за важноста на дизајнот како алатка за
подобрување на работната средина и ќе овозможи културните институции да се опремат со
мебел кој е истовремено функционален, естетски усогласен и ергономски коректен.
Изложбата ќе отвори простор за дијалог меѓу дизајн, архитектура и културна практика.
| Item Type: | Show/Exhibition |
|---|---|
| Subjects: | Natural sciences > Other natural sciences |
| Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
| Depositing User: | Katerina Despot |
| Date Deposited: | 13 Oct 2026 11:05 |
| Last Modified: | 13 Oct 2026 11:05 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/39258 |
