Trajculeski, Marija (2026) Истражување на практики, познавања и ставови во врска со пропишување на биолошки оригинаторни и биолошки слични лекови (биосимилари). Doctoral thesis, Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.
Marija Trajculeski PhD
Download (2MB)
Abstract
Новоразвиените биолошки лекови сѐ почесто се дел од третманот на многу акутни и хронични состојби и драстично го подобруваат квалитетот на животот кај многу болести. Биолошките слични лекови (биосимилари) се воведуваат откако на веќе постоечкиот биолошки оригинаторен лек ќе му
истече патентната заштита. Лекарите специјалисти и фармацевтите имаат значајна улога во пропишувањето и издавањето на биолошки лекови, па затоа нивното знаење и практики во врска со овие лекови има големо влијание врз
нивното прифаќање како тераписка алтернатива.
Главната цел на ова истражување е да се направи сеопфатна анализа на знаењето, заедно со самоевалуираното знаење, ставовите и практиките на лекарите специјалисти и фармацевтите во врска со употребата на биолошки
оригинаторни лекови и биолошки слични лекови (биосимилари), како и нивното пропишување, издавање и следење во Република Северна Македонија.
За реализација на целите, беше спроведена опсервациска студија на пресек, со користење на метод на анкетирање преку дистрибуција на прашалници до целната група испитаници - лекари специјалисти од секундарна и терциерна здравствена установа кои пропишуваат биолошки оригинаторни и
биолошки слични лекови и фармацевти од секундарна и терциерна здравствена установа, вклучени во набавка и издавање на овие лекови.
Добиените резултати беа статистички обработени со помош на софтверскиот пакет SPSS (v. 26.0). Спроведената студија ги анализираше информираноста и знаењата поврзани со биолошките оригинаторни и биосимилар лекови при што беше
направена и анализа на веродостојноста (Reliability analysis) на добиените одговори преку пресметување на коефициентот Cronbach’s alpha.
Студијата вклучуваше прашања во врска со пропишување на
биолошки/биосимилар лекови, цените на лековите, улогата на фармацевтот во процесите на одлучување за терапија и издавање на пациентите, следливоста при користење и појавата на несакани реакции.
Проценката на знаењето е од исклучително значење за употребата на оваа група лекови. Поголем дел од лекарите за разлика од фармацевтите се изјаснија дека имаат целосно познавање, но тоа не соодветствуваше со измереното знаење каде само околу една третина од испитаниците дале точен
одговор на поставените прашања, иако и двете групи на испитаници користат повеќе извори на информации.
Истражувањето покажа дека и двете групи испитаници, фармацевти и лекари, сметаат дека е од особена важност дали пациентот прима оригинаторен или биосимиларен лек. Иако лекарите ја прифаќаат заменливоста сепак преферираат употребата на биосимиларен лек да биде кај пациенти кои започнуваат со терапија. Во однос на заменливоста при
пропишувањето и издавањето на лекот, поголем дел и од двете групи ценат дека фармацевтот може да одлучува, но само заедно со лекарот.
Точната идентификација на лекот во досието е посебно значајна за фармацевтите, што произлегува од нивната улога за следливост и обезбедување на континуитет на терапијата. Континуираните едукативни активности се од суштинско значење за да се подобрат знаењата на лекарите и фармацевтите, а со цел да се постигне напредок при употребата на биолошката терапија во клиничката практика.
| Item Type: | Thesis (Doctoral) |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Katarina Smilkov |
| Date Deposited: | 30 Sep 2026 07:15 |
| Last Modified: | 30 Sep 2026 07:15 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/39167 |
