Дефинирање на оптимални технички параметри на технолошките системи за експлоатација на лигнит во косовскиот јагленов басен

Hyseni, Albert (2026) Дефинирање на оптимални технички параметри на технолошките системи за експлоатација на лигнит во косовскиот јагленов басен. Doctoral thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of PhD Makedonski FINALE_FINALE_FINALE.pdf] Text
PhD Makedonski FINALE_FINALE_FINALE.pdf

Download (6MB)

Abstract

Република Косово задоволува 97 % од своите енергетски потреби преку постојните термоелектрани „Косово А“ и „Косово Б“, кои користат лигнит како примарен извор на гориво. Стратешките и развојните планови на Косовската енергетска корпорација предвидуваат отворање нови рударски полиња во Косовскиот лигнитски басен за да се обезбеди континуирано снабдување со лигнит за постојните и идните капацитети на термоелектраните. Ова бара зголемување на капацитетите за производство на лигнит и проширување на капацитетите за негова преработка и збогатување. Косово поседува значителни
резерви на лигнит, со над 12,5 милијарди тони геолошки резерви. И покрај потенцијалното загадување на животната средина, лигнитот останува примарен извор на производство на електрична енергија во земјата, и од постојните и од планираните термоелектрани. Во рамките на Косовскиот јагленов басен, идентификувани се три потенцијални области за експлоатација: Поле Сибовц, Јужно Поле и Поле Д. Во овие области планиран е развој на три површински рудници за ископување на лигнит, со примена на најсовремени технологии во ископ, транспорт и складирање.
Оваа дисертација се фокусира на анализата на наоѓалиштето на лигнит во полето Сибовц, испитувајќи го системот за површинскa експлоатација и оптимизација на производството на лигнит во согласност со геолошките, хидрогеолошките, геомеханичките, техничко-рударските и еколошките услови. Наоѓалиштата на лигнит во Косово главно се експлоатираат преку површински копови и соодветни рударски операции. Овие операции вклучуваат отстранување на откривката и ископување на лигнит. Во полето Сибовц, откривката се состои од глинени формации, кои се карактеризираат со низок отпор при ископ, што овозможува употреба на багери со една или повеќе корпи за директно ископување. Лигнитот се транспортира до постројката за збогатување, а откривката до местото на складирање, преку лентести транспортери или дампери.
Технологијата на површинско откопување вклучува процеси како што се ископ/товарање, транспорт, складирање и подготовка на суровините - јагленот. Во полето Сибовц, овие процеси се планирани да се спроведуваат со користење на различни рударски системи, како што се континуираниот БТО (KOНТИНУИРАН РУДАРСКИ СИСТЕМ) систем и дисконтинуираниот EК (ДИСКОНТИНУИРАН РУДАРСКИ СИСТЕМ). Целта на оваа дисертација е да се постигне проектираното производство преку оптимизација на трошоците за рударско работење и подобрување на технологиите за опрема за ископување, транспорт и складирање. Дополнително, се фокусира на идентификување на клучните фактори што влијаат врз извршувањето на рударските активности за ископување на лигнит. Процесот на оптимизација на површинската експлоатација, како дел од стратешкото планирање, е клучен за постигнување максимална економска ефикасност во производството на енергија

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Zoran Panov
Date Deposited: 11 Sep 2026 08:22
Last Modified: 11 Sep 2026 08:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38981

Actions (login required)

View Item
View Item