Tusevska, Borka and Panev, Kristijan (2026) Улогата и значењето на конкурентското право во правната рамка и политиките на концептот на одржлив развој. Правно-политички размислувања за достигнување на целите на одржлив развој на Организацијата на обединетите нации, 1 (1). pp. 9-26.
Legal Political Thoughts for the UN Development Goals-2.pdf - Published Version
Download (502kB)
Abstract
Во последната деценија на 21-от век, концептот на „одржлив развој“ претставува еден од најексплоатираните концепти во академските и
стручните кругови. Речиси и да не постои област во којашто „одржливоста“ и ефектуирањето на нејзините вредности не се предмет на теоретска и стручна делиберација. Како аргумент во прилог на важноста на „одржливоста“ како посебен концепт, стои и ангажманот на земјите членки на ООН, нивните политики и стратегии со фокус на „одржливоста“ и усвојувањето на „Агендата за одржлив развој 2030“.
Во фокус на агендата се 17 (седумнаесет) цели, поставени во функција
на ефектуирањето на вредностите предвидени во агендата.
Целите од агендата за одржлив развој на земјите членки на ООН, во
суштина се базираат на трите основни постулати на самиот концепт на
„одржливост“ и тоа: економска благосостојба, социјална заштита и заштита на животната средина.
Доволна е само површна компаративна анализа на законодавствата и политиките на земјите членки на ООН, да се утврди дека повеќе или помалку, сите овие цели се инкорпорирани или државите се стремат да ги инкорпорираат во нивните правни и политички системи.
Анализите покажуваат дека токму државите коишто во своите владини политики го ставаат фокусот на овие цели од Агендата 2030 на ООН,
имаат раст и во бруто домашниот производ. Попрецизно, дека токму
владините програми и стратегии во чиј фокус е фаворизацијата и
ефектуализацијата на целите за „одржлив развој“, се соочуваат и со прогрес во економската состојба во целост.
Владите на земјите членки на ООН самостојно одлучуваат за начинот
на ефектуализирањето на вредностите за одржлив развој, користејќи
различни владини мерки, програми, законски, подзаконски акти и практики. Во оваа насока, приоритет во внатрешните политики на
одделните држави членки се: јавните набавки и „одржливиот развој“,
социјалното претприемништво и „одржливиот развој“, „зелени јавни
набавки“, „дигитализација во јавните набавки“, конкурентското право и
„одржлив развој“, социјалните политики во функција на „одржлив развој“ итн.
Компаративно, анализирајќи ја „одржливоста“ во корелација со политиките и правните режими како инструменти за постигнување на прогрес во оваа сфера, лесно се констатира дека истите во голема мерка може да придонесат кон остварување на резултатите од агендата на ООН за социјален развој.
Нашето истражување во контекст на овие цели е да се проучи нишката помеѓу конкурентското право, политики и практика и концептот на „одржлив развој“, како и да се видат можностите за примена на конкурентското право во функција на остварувањето на целите од агендата
2030 на ООН. Дополнително, истражувањето има за цел да се види условеноста на оваа политиката за заштита на конкурентското право и прогресот во практикувањето на „одржливоста“.
Покрај тоа што ќе биде предмет на компаративна анализа, во ова
истражување, во еден сегмент ќе се задржи и на состојбите во РСМ,6 со фокус на правните режими и важечките политики во насока на постигнување на целите од Агендата на ООН 2030. Базирајќи се на податоците што ни беа на располагање, а земајќи ги предвид резултатите од истражувањата што се веќе направени, ја поставивме и хипотезата на овој труд, со интенција да прерасне во теза на истражувањето.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Law |
| Divisions: | Faculty of Law |
| Depositing User: | Kristijan Panev |
| Date Deposited: | 20 Aug 2026 10:04 |
| Last Modified: | 20 Aug 2026 10:04 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38886 |
