Maksimova, Elena and Kosevaliska, Olga and Nikodinovska Krstevska, Ana (2026) Пресудата АА и други против Македонија: од очигледното до неочекуваното. In: Меѓународни,европски и национални правни режими за миграција и азил. 2-ри Август – Штип. ISBN 978-9989-947-05-6
Maksimova& Koshevaliska& Nikodinovska Krstevska.pdf
Download (5MB)
Abstract
Мигрантската криза од 2015 година претставуваше сериозен хуманитарен, политички и правен предизвик за Европа и земјите од Балканот, вклучително и Република Северна Македонија, која се најде на една од главните транзитни рути кон Западна Европа. Масовниот прилив на мигранти и бегалци ги стави на тест националните механизми за заштита на човековите права и усогласеноста на практиките со меѓународните стандарди, особено во однос на забраната за нечовечко и деградирачко постапување, колективното протерување и правото на ефективен правен лек. Во фокусот на трудот е предметот *A.A. and Others v. North Macedonia* пред Европскиот суд за човекови права, кој отвори значајни прашања во однос на примената на член 4 од Протоколот бр. 4 и член 13 од Европската конвенција за човекови права во контекст на мигрантската криза. Преку анализа на предметот и неговото пошироко правно значење, трудот го проблематизира пристапот на Судот кон гаранциите предвидени со Конвенцијата во услови на масовни миграциски движења и го поставува прашањето дали исклучоците создадени во кризни околности можат постепено да прераснат во правила во идната судска практика.
| Item Type: | Book Section |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Law |
| Divisions: | Faculty of Law |
| Depositing User: | Elena Maksimova |
| Date Deposited: | 18 Aug 2026 11:11 |
| Last Modified: | 18 Aug 2026 11:11 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38862 |
