Заштита на правата на децата и концептот за одржлив развој

Sutova, Milica (2026) Заштита на правата на децата и концептот за одржлив развој. In: Правно-политички размислувања за достигнување на целите за одржлив развој на Организацијата на Обединетите нации. 2-ри Август, Штип, Штип, pp. 41-56. ISBN 978-9989-947-06-3

[thumbnail of A chapter or section in a book.] Text (A chapter or section in a book.)
Правно-политички размислувања за достигнување на целите за одржлив развој на ООН(2).pdf

Download (1MB)

Abstract

Заштитата на животната средина е еден од најсериозните проблеми на современото општество, а правните аспекти на нејзината заштита добиваат сè поголемо значење. Додека прашањето децении наназад беше најдиректно поврзано со јавното право, најновите истражувања покажуваат дека граѓанското право има сè поважна улога во оваа област. Правото на животна средина претставува нова, недоволно развиена гранка на правото, која има допирни точки со различни правни области. Трудот го анализира правото на детето на здрава животна средина преку неговата заштита, гарантирано со Конвенцијата за правата на детето и други меѓународни документи. Членот 12 од Конвенцијата претставува еден од нејзините основни столбови, овозможувајќи детето да биде вистински субјект на правото, а не само пасивен објект на заштита. Децата и младите сè поактивно го истакнуваат своето право на учество во еколошките прашања, препознавајќи ги кризите во животната средина како прашање од суштинско значење за одговорноста кон идните генерации. Сепак, националната судска пракса во Република Северна Македонија во оваа област е сè уште неразвиена, со оглед на тоа што домашните судови во најголем дел ги отфрлаат ваквите тужбени барања како процесно недозволени. Единствено преку системско уредување на законската рамка може да се обезбеди правна сигурност при остварувањето и заштитата на правото на здрава животна средина
Клучни зборови: права на детето, животна средина, одржлив развој, Конвенција за правата на детето, парнична постапка.

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Milica Sutova
Date Deposited: 18 Aug 2026 07:52
Last Modified: 18 Aug 2026 07:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38850

Actions (login required)

View Item
View Item