Maksimova, Viktorija and Veselinova, Borjanka and Bogevski, Krume (2026) Ботаника за фармацевти-практикум. [Teaching Resource]
Full text not available from this repository.Abstract
Растенијата, со својата биолошка сложеност и хемиска разновидност, секогаш претставувале неисцрпен извор на лековити супстанции и инспирација за современата фармација. Луѓето традиционално ги применувале растенијата во медицински цели уште од најраните периоди. Клучниот предуслов за нивна соодветна употреба во фармацевтски цели е нивна точна и прецизна идентификација. Овој практикум од
областа на фармацевтската ботаника објавен во издавачка дејност на Универзитетот „Гоце Делчев“ е наменет за студентите при Факултетот за медицински науки, на студиската
програма по Фармација. Целта на овој практикум е да им овозможи на студентите, не само теоретско знаење, туку и практични вештини за препознавање, класификација и проучување на медицинските растенија. Преку вовед во цитологијата и хистологијата на растенијата студентите се насочуваат кон анатомско-морфолошките карактеристики на
растенија неопходни за макроскопска и микроскопска идентификација на растенијата. Притоа во продолжение е делот за систематика во кој се дава посебен акцент на лековитите
растенија кои се користат и денес. Последните вежби се насочени кон физиолошките процеси во растенијата, како и кон микропропагацијата и култивацијата на медицинските растенија кои на студентите по фармација ќе им дадат основни познавања за понатамошно одгледување и култивирање на лековитите растенија. Искрено веруваме дека стекнатите знаења од областа на фармацевтската ботаника ќе им помогнат на студентите да ја препознаат важноста на медицинските растенија во современата фитотерапија, научните истражувања и фармацевтската индустрија. Нека овој практикум претставува водич, поттик и основа за понатамошно продлабочување на нивниот интерес и професионален развој.
| Item Type: | Teaching Resource |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Viktorija Maksimova |
| Date Deposited: | 08 Jul 2026 10:43 |
| Last Modified: | 08 Jul 2026 10:43 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38634 |
