Нов македонистички труд на Калоѓера(Goran Kalogjera, Makedonsko devetnaesto stoljeće, Zajednica Makedonaca u Republici Hrvatskoj, Zagreb, 2011)

Mladenoski, Ranko (2012) Нов македонистички труд на Калоѓера(Goran Kalogjera, Makedonsko devetnaesto stoljeće, Zajednica Makedonaca u Republici Hrvatskoj, Zagreb, 2011). Современост, 61 (2). pp. 193-200. ISSN 0038-5972

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za Repoz PDF SO APSTRAKTI_Apstrakti za tekstovite vo Sovremenost i PDF_Za Kalogjera za novata kniga.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Tekstovi za Repoz PDF SO APSTRAKTI_Apstrakti za tekstovite vo Sovremenost i PDF_Za Kalogjera za novata kniga.pdf

Download (180kB) | Preview

Abstract

Трудот претставува опширен осврт за новата книга на професорот Горан Калоѓера со наслов „Македонскиот деветнаесетти век“ („Makedonsko devetnaesto stoljeće“) објавена во Хрватска минатата година. Обемниот материјал што е презентиран во оваа книга е систематизиран во четири дела. Во првиот дел авторот зборува за економските, социјалните и политичките прилики на почетокот од 19 век, за пропагандите во Македонија, за резултатите од првиот период на таканаречената преродба, како и за книжевната дејност во Македонија во првата половина на 19 век. Вториот дел од книгата е резервиран за прашањето поврзано со националниот идентитет на македонските дејци од 19 век, а овде се дава и еден пресек за книжевното творештво во Македонија во последните децении на 19 век при што се зборува за собирањето, односно запишувањето и објавувањето на македонските народни умотворби, за прозните, драмските и поетските книжевни дела во овој период. Во третиот дел се обработуваат биографските податоци и дејноста на поголем број македонски писатели, учебникари и револуционери, а четвртиот дел претставува синтеза, односно една сублимирана панорамска слика за македонскиот 19 век. Новиот македонистички труд на Калоѓера, секако, придонесува за продлабочување на културните врски меѓу Република Македонија и Република Хрватска.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 17 Dec 2012 13:49
Last Modified: 17 Dec 2012 13:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3836

Actions (login required)

View Item View Item