Поврзаност на цревната микробиота со нутритивни алергии и атописки дерматит

Dimitrovska Ivanova, Marija (2026) Поврзаност на цревната микробиота со нутритивни алергии и атописки дерматит. In: 4-ти Интернационален конгрес на Педијатриското респираторно здружение Педиарес, 24-26 Apr 2026, Skopje. (Unpublished)

[thumbnail of PROGRAMA_za_Kongres_MK_za_web 1.pdf] Text
PROGRAMA_za_Kongres_MK_za_web 1.pdf

Download (684kB)
[thumbnail of PROGRAMA_za_Kongres_MK_za_web 2.pdf] Text
PROGRAMA_za_Kongres_MK_za_web 2.pdf

Download (104kB)
[thumbnail of Поврзаност на цревната микробиота со нутритивни алергии и атописки дерматит - Copy.pdf] Text
Поврзаност на цревната микробиота со нутритивни алергии и атописки дерматит - Copy.pdf

Download (2MB)

Abstract

Вовед: Цревна микробиота - популацијата на микроорганизми што ги населуваат цревата на човекот.
Двете главни карактеристики на цревната микробиота се богатство и разновидност;
Богатсво – вкупниот број на присутни бактериски видови
(x3 > од бројот на клетки во телото)
Разновидност - бројот на индивидуални бактерии од секој од присутните бактериски видови. Составена од приближно 600 различни бактериски видови, од кои 98% потекнуваат од две доминантни фили, Bacteroidota и Firmicute.
Цревниот микробиом (над 22 милиони гени) е приближно 10 пати поголем од геномот на човекот.
Развојот на цревната микробиота започнува во феталниот период- Детекција на бактериска ДНК во плацентата, амнионската течност и мекониум.
Материјал и методи: Физиолошки процеси: варењето, метаболизмот, регулирањето и созревањето на имунолошкиот систем. Mодулирање на орална толеранција преку намалување на циркулирачки базофили, промовирање на интегритетот на епителната бариера и индуцирање на диференцијација на T регулаторни лимфоцити.
Резултати: Биосинтеза на егзополисахариди: промовирање на формирањето на биофилм што ја олеснува колонизацијата на епителот и ја зголемува шансата за преживување на бактериите, пребиотски ефект, како и имуномодулаторна активност преку намалена секреција на инфламаторни цитокини (TNF-α, IL-6, IL-1β), го подобруваат интегритетот на интестиналната епителна бариера.
Плазмид кодираните протеини на површината на клетките L. casei LOCK 0919 го зголемуваат адхезивниот потенцијал на бактеријата, ја олеснуваат колонизацијата и ја продолжуваат перзистенција во цревата на домаќинот. Обезбедуваат конкурентска предност во однос на другите бактерии (вклучувајќи ги и патогените).
Стимулираат експресија на ZO-1 протеините во илеумот.
Заклучок: Употребата на пробиотици го намалила SCORAD индексот за повеќе од 50% во однос на нивото пред третманот.
Во контролната група SCORAD индексот е намален за само 10 поени. Независно од типот на алергијата значајно намалување на SCORAD индексот е најдено само во групата која примала пробиотици.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marija Dimitrovska
Date Deposited: 29 Apr 2026 08:55
Last Modified: 29 Apr 2026 08:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38316

Actions (login required)

View Item
View Item