Spasovski, Jovan and Krsteska, Roza (2024) Anxiety, depression, and other challenges among students during academic life. Knowledge – International Journal, 64 (4). pp. 531-536. ISSN 2545-4439
3. ANXIETY,+DEPRESSION,+AND+OTHER+CHALLENGES+AMONG+STUDENTS+DURING+ACADEMIC+LIFE.pdf
Download (818kB)
Abstract
Еден од важните аспекти по кои се цени успешноста на универзитетите е академскиот успех на студентите, односно исходот на изведбата во интелектуалните домени. Но, се поактуелно е инкорпорирање и обезбедување на личниот раст и развој на студентите. Низ процесот на високото образование покрај низа поттикнувачки фактори, дејствуваат и негативни (стресогени) фактори кои може да влијаат врз менталното
здравје на студентите. Стресогените фактори се многубројни и може да потекнуваат од академската средина, од општеството и од индивидуата. Промоцијата и унапредувањето на менталното здравје се дефинирани од страна на СЗО како „процес кој им овозможува на луѓето да ја зголемат контролата и да го подобрат своето здравје“. Тие повеќе се однесуваат на активностите за подобрување на квалитетот на живот и зголемување на потенцијалот на луѓето за квалитетно здравје (физичко и психичко). Во последната деценија се зголемува свесноста за важноста на менталното здравје на студентската
популација. Ефектите на интерплејот на факторите на ризик кои потекнуваат од академската средина заедно со биолошките, психолошките и општествените фактори на ризик резултираат со најчести поплаки на потешкотиите со менталното здравје на студентите на различни академски програми ширум светот. Зависно од силата и времетраењето на наведените фактори на ризик ќе биде и негативниот ефект на здравјето на студентот кој може да е краткотраен, со ограничен интензитет и транзиторен, или пак да е хроничен, долготраен и со можност за развој на ментално растројство. Целта на трудот е да се истражат актуелните предизвици и потреби на студентите поврзани со менталното здравје на Универзитет „Гоце Делчев"-Штип.
Во материјали и методи користевме анкетен прашалник реализиран преку Е-пошта во месец ноември 2023
година. Беа опфатени 663 студенти од сите факултети на универзитетот. Од добиените резултати се покажа
дека 638 (95.8%) од студентите го сметаат менталното здравје за важен дел од Универзитетската заедница,
но 423 (63.5%) од нив изразуваат загриженост за неотвореноста на студентите кон дискусии поврзани со
ментално здравје. Од значење се добиените одговори на студентите за она што некогаш го почувствувале во
текот на академскиот живот. Така, 571 (85.7%)некогаш се почувствувале анксиозно, 515 (77.3%) депресивно,
и 623 (93.5%) тензично. Притоа, 520 (78.1%) приметиле намалена концентрација, 63 (9.5%) се соочиле со
злоупотреба на супстанции, и 563 (84.5%) приметиле главоболка и губење на апетит поврзани со академскиот стрес. Загрижувачки е дека 409 (61.4%) никогаш не се консултирале со стручно лице, 136 (20.4%) се почувствувале изолирано, а 393 (59%) сметаат дека свесноста на професорите за менталното здравје на студентите е мала. Во заклучокот би сакале да ја истакнеме важноста од креирање на конкретни
стратегии за создавање на поттикнувачка академска средина со превентивни активности за заштита на менталното здравје на студентите, предлог мерки за интервенција и превенција на менталното и физичкото здравје на студентите, универзитетски прирачник за поддршка на студентското ментално здравје и активно универзитетско психолошко советувалиште.
Клучни зборови: ментално здравје, академски живот, системска поддршка.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Roza Krsteska |
| Date Deposited: | 06 Apr 2026 08:26 |
| Last Modified: | 06 Apr 2026 08:26 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38251 |
