Mitreva, Mila (2026) Дигитална трансформацијата во финансиите: Од човечки фактор до алгоритамска интелигенција, од монотона до динамична научна дисциплина и перспективен кариерен развој. UNSPECIFIED.
Дигитална трансформацијата во финансиското одлучување.pdf
Download (197kB)
Abstract
Суштината на финансиите е обработка и агрегација на големи количини информации, преку кои се координираат учесниците во финансиските системи. Анализирано во различни етапки на историскиот развој на финансиите, има голем исчекор и напредок во начинот на обработка на информациите.
Имплементацијата на вештачката интелигенција го трансформира начинот на финансиско управување и донесување одлуки и нуди нови можности во анализата на податоци, прогнозирањето и автоматизација на процесите. Интеграцијата на ВИ во финансиите е во својата почетна фаза и можностите за
поголем напредок и поголем развој се неограничени. Моментално во финансиите, ВИ е интегрирана во донесувањето финансиски одлуки, управувањето со инвестиции и оптимизација на портфолио, кредитно бодување и проценка на ризик, алгоритамско и високофреквентно тргување, детекција на
измами и финансиска безбедност, намалување на човечка пристрасност и правње грешки. Алгоритмите базирани не ВИ споредбено со традиционалните анализи се многу поефикасни и пофункционални во процесот на предвидувања
на движења на пазарот и финансиски ризици. Во процесот на финансиско инвестирање, ВИ им помага на инвеститорите со подобрена прецизност да го структуираат своето портфолио, додека алгоритамските системи за тргување сега автономно ги извршуваат тргувања, со што се зголемува ликвидноста на
пазарот и оперативната ефикасност. Во кредитното бодување, ВИ ги надминува традиционалните финансиски метрики со што се зголемува точноста на проценка на ризикот. Дополнително, ВИ наоѓа голем придонес во идентификацијата на аномални шеми што укажуваат на измамнички трансакции и придонесува кон ублажување на ризиците од финансиски криминал. Секоја
нова генерација на ВИ создава нови можности за финансискиот систем. Несомнено, ВИ го револуционизира процесот на обработка големи бази на податоци, нуди можности за подобрени персонализирани финансиски услуги, зголемување на задоволството на клиентите и финансиска инклузија.
| Item Type: | Other |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
| Divisions: | Faculty of Economics |
| Depositing User: | Mila Mitreva |
| Date Deposited: | 25 Feb 2026 08:42 |
| Last Modified: | 25 Feb 2026 08:42 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38101 |
