Преглед и аналитичка рефлексија за проектот: „Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзина примена во наставата – од научни концепти до практична реализација“

Xhaferri, Brikena and Xhaferri, Gzim and Ivanovska, Biljana and Jovanovska, Sashka (2025) Преглед и аналитичка рефлексија за проектот: „Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзина примена во наставата – од научни концепти до практична реализација“. Palimpsest International Journal for Linguistic, Literary and Cultural Research, 10 (20). pp. 269-275. ISSN 2545-3998

[thumbnail of Palimsest 20 16 fevruari 26 (1).pdf] Text
Palimsest 20 16 fevruari 26 (1).pdf

Download (3MB)

Abstract

Современата настава по странски јазици сè повеќе ја нагласува
потребата од интегрирање на интеркултурната прагматичка компетенција
кај изучувачите по странски јазици како клучен сегмент во образовниот
процес. Прагматиката, како дисциплина што го проучува јазикот во конкретен
комуникациски контекст, овозможува увид во начинот на кој говорителите од
различни култури ја изразуваат својата намера на културолошки соодветен
и прифатлив начин. Овој проект ги истражува современите пристапи во
интеркултурната прагматика и нивната практична примена во наставата по
германски и англиски јазик како странски јазици, во споредба со македонскиот јазик
и говорните модели на изворните говорители. Истражувањата се фокусираат на
влијанието на културните разлики врз комуникациските стратегии, феноменот на
учтивост и интерпретацијата на говорните чинови во меѓујазичната комуникација.
Применети се теоретски рамки од социопрагматиката, културолошката и
антрополошката анализа на комуникацијата, како и контрастивната прагматика.
Емпириските податоци опфаќаат корпус од автентични дискурси, со цел
идентификација на културно специфични модели и развој на наставни стратегии
за зголемување на прагматичката свесност кај изучувачите на странскиот јазик.
Проектот има оригинален карактер поради тоа што се става акцент на практичната примена на интеркултурната прагматика во наставата и неговата ориентација
кон глобално релевантна и сè уште недоволно истражена тема. Резултатите
имаат потенцијал за значајно унапредување на наставните програми и создавање
наставни модули со применлива вредност за европската и пошироката академска
заедница, отворајќи можности за меѓународна соработка во областа на применетата
лингвистика, наставата по втор странски јазик и интеркултурната комуникација.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Saska Jovanovska
Date Deposited: 19 Feb 2026 07:58
Last Modified: 03 Mar 2026 08:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38088

Actions (login required)

View Item
View Item