Марионетки

Mladenoski, Ranko (2011) Марионетки. Академски печат, Скопје. ISBN 978-608-231-042-8

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Marionetki PDF i apstrakt_Marionetki.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ranko.mladenoski_Desktop_Marionetki PDF i apstrakt_Marionetki.pdf

Download (287kB) | Preview

Abstract

Книгата „Марионетки“ (2011) е втора книга со кратки прозни лирски текстови (секвенци) по збирката „Омразенија“ што беше објавена во 2005 година. Збирката „Марионетки“ се состои од четири циклуси: „Порој“, „Агресија“, „Цвеќарката“ и „Меморија“. Станува збор, имено, за едно книжевно експериментирање во кое старите и општопознати мотиви се поставуваат во современиот динамичен свет. Универзалните категории како што се љубов, омраза, среќа, радост, тага, жал, себичност, хипокризија, малициозност и слично се поставени на едно локално, но и индивидуално рамниште. Тоа го покажуваат, на пример, текстовите со наслов „Јас сум ти“, „Марионетки“, „Реприза“, „Драма“, „Пораз“, „Бразди“, „Одмин“, „Лицитација“ и други. Од друга страна, пак, индивидуалното, конкретното, се претопува во општото, а тоа е најилустративно прикажано во прологот и во епилогот. Тоа значи дека во оваа збирка чии страници се исполнети со таканаречената поетска проза со наслов „Марионетки“ се уриваат границите на глобалното и локалното, на општото и конкретното, на универзалното и индивидуалното.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 17 Dec 2012 11:35
Last Modified: 17 Dec 2012 11:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3805

Actions (login required)

View Item View Item