Sarac, Vasilija and Stefanov, Goce and Cundev, Dobri (2011) Различни аспекти на користење на SF6 гасот во високонапонската расклопна опрема и мерки за превенција на емисијата. In: MakoCigre-2011.
Preview |
Text
Sarac-1.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
SF6 гасот има широка примена во високонапонската расклопна и гасно изолирана
опрема како резултат на одличните диелектрични карактеристики и многу добрата способност
за гаснење на електричниот лак. Негативна страна во неговата употреба е тоа што SF6 гасот
припаѓа на групата гасови кои го потикнуваат ефектот на стаклена градина и допринесуваат
кон глобалното загревање. Во текот на изминативе години направени се голем број
истражувања со цел да се најде негова соодветна замена. Ниеден од испитаните гасови како
азот (N2), јаглерод диоксид (CO2) или смеса од SF6 и N2, не дадоа соодветно решение. Бидејќи
во догледно време не се предвидува дека ќе се изнајде соодветна замена за SF6 гасот потребно е
да се превземат адекватни мерки со цел да се намали неговата емисија. Мерките треба да бидат
превземени за време на производството, работата, одржувањето на високонапонската опрема
како и при ракувањето со SF6 гасот за да остане во еден затворен круг. Во трудот се
представени неколку производители и нивниот технолошки развој во однос на намалувањето
на истекувањето на гасот како и можностите и опремата која се користи за навремена детекција
на истекувањето на гасот. Претставен е и концептот на рециклирање на гасот кој е многу
застапен во земјите во западна Европа. На тој начин е направена една сеопфатна анaлиза во
однос на мерките кои се превземаат за заштита на животната средина во однос на емисија на
SF6 гасот почнувајќи од производството на високонапонската опрема, преку детекција на
неговото истекување во тек на работата на опремата до концептот на повторно користење на
гасот (рециклирање).
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Vasilija Sarac |
Date Deposited: | 18 Dec 2012 14:18 |
Last Modified: | 25 Dec 2012 10:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3793 |
Actions (login required)
View Item |