Присуство на радионуклиди во бунарска вода

Anastasova, Ankica and Angjeleska, Aleksandra and Nakov, Dimitar (2025) Присуство на радионуклиди во бунарска вода. In: VI Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина” Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Земјоделски факултет, 12 Nov 2025, Stip, Republic of North Macedonia.

[thumbnail of pg.22.pdf] Text
pg.22.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of присуство на радионуклиди во вода.pdf] Text
присуство на радионуклиди во вода.pdf

Download (684kB)

Abstract

Пристапот до вода за пиење е голем предизвик за поголемиот дел од населението во многу земји во светот. Луѓето што живеат во области погодени од недостиг на вода за пиење честопати ги користат подземните води како алтернативен извор на вода за пиење. Радионуклидите се јавуваат природно во подземните води, а нивното појавување во подземните води што се користат за пиење претставува опасност по здравјето на луѓето поради јонизирачките зрачења што ги емитираат радионуклидите.
Главната цел на истражувањето беше да се процени радиолошкиот квалитет на бунарската вода. Примероците од вода беа земени од 5 бунари во руралните области на регионите Пробиштип и Кочани во Македонија. Земањето примероци беше спроведено еднаш по сезона во текот на четирите годишни времиња. Примероците од вода од 5 плитки бунари беа анализирани за присуство на природни радионуклиди во бунарската вода. Радионуклидите од природно потекло што се наоѓаат во подземните води кои беа цел на истражувањето се 40K, 226Ra, 232Th и 137Cs. Овие радионуклиди во подземните води потекнуваат од растворање на минерали што содржат радионуклиди во карпите на водоносен слој. Концентрациите на 40K, 226Ra, 232Th и 137Cs, беа измерени со помош на гама спектрометрија со детектор од чист германиум, а добиените спектри од мерењето се анализирани со програмата GENIE 2000.
Статистичка обработка на податоците беше направена со Општ линеарен модел, униваријантна постапка за влијание на фактор променливите врз присуство на радионуклиди во бунарската вода. Беше утврдено статистички значајно влијание на ниво на p<0,05 на локацијата на бунарите врз присуството на радионуклиди во бунарската вода.
Присуството на радионуклиди во водата беше во рамки на МДК, освен зголемената активност на радиум во примероците вода од Бунар 5 во првата и третата сезона од годината.

Клучни зборови: радионуклиди, бунарска вода, радиолошки квалитет

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Agricultural Sciences > Animal and dairy science
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Dimitar Nakov
Date Deposited: 05 Feb 2026 10:07
Last Modified: 05 Feb 2026 10:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37860

Actions (login required)

View Item
View Item