Одржливо фармацевтско пакување

Mitrevska, Ivana (2025) Одржливо фармацевтско пакување. In: Втор симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтот како алка помеѓу традиционалната и иновативната терапија“, 27 Sept 2025, Stip.

[thumbnail of (лекториран текст) Книга на апстракти, со ЦИП, finalno-23.pdf] Text
(лекториран текст) Книга на апстракти, со ЦИП, finalno-23.pdf

Download (200kB)
[thumbnail of 2025.09 -Одржливо фармацевтско пакување- УГД симпозиум.pdf] Text
2025.09 -Одржливо фармацевтско пакување- УГД симпозиум.pdf

Download (1MB)

Abstract

Одржливоста во фармацевтската индустрија е сеопфатен пристап кој има за цел да
го минимизира влијанието врз животната средина во текот на целиот животен циклус на
производите и операциите. Одржливоста во фармацевтската индустрија вклучува многу
аспекти, од операции за декарбонизација со користење на обновливи извори на енергија,
до намалување или менување на материјалите за пакување. PPWR (Packaging and
Packaging Waste Regulation) е регулатива на Европската Унија што има улога да го намали
загадувањето од пакувањето и да помогне во изградбата на кружната зелена економија.
Ова ново законодавство треба да постави цели за: намалување на отпадот од пакување,
специфични барања за дизајнот на амбалажата подготвена за рециклирање и употреба на
содржината што се рециклира по употребата (PCR) и да даде критериуми за т.н. „еколошка
модулација“ како продолжена одговорност на производителот. Задолжителната употреба
на PCR во пластична амбалажа ќе стапи на сила од 2030 година за додатоци на исхрана и
2035 година како втора фаза за фармацевтски производи. Компаниите производители на
материјали за пакување во следниот период ќе работат на иновативни решенија во делот
на полимерите кои би понудиле ниво на заштита како сегашните конвенционални пакувања
т.е. ламинираните полимерни материјали. Со интегрирање на овие стратегии,
фармацевтските компании не само што придонесуваат за зачувување на животната
средина, туку и често остваруваат заштеда на трошоци, ги исполнуваат регулаторните
очекувања и ја подобруваат нивната репутација кај потрошувачите кои сѐ повеќе се
загрижени за одржливоста. Сето тоа додека сè уште се осигурува безбедноста и
ефикасноста на лековите.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivana Mitrevska
Date Deposited: 30 Jan 2026 10:57
Last Modified: 30 Jan 2026 10:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37400

Actions (login required)

View Item
View Item