Социјалниот дијалог како инструмент за одржлив социо-економски развој.

Todorova, Biljana and Majhosev, Andon and Jovevski, Lazar (2005) Социјалниот дијалог како инструмент за одржлив социо-економски развој. Светот на работата, 1 (1). pp. 213-236. ISSN 2955-2141

[thumbnail of Social dialogue as an instrument for.pdf] Text
Social dialogue as an instrument for.pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

Во современиот правен поредок, социјалниот дијалог претставува клучен инструмент за усогласување на интересите во индустриските односи и за унапредување на заштитата на работничките права. Овој труд ја анализира правната основа, институционалната поставеност и практичната примена на социјалниот дијалог во Република Северна Македонија. Истражувањето се потпира на меѓународни правни извори – пред сè на клучните конвенции на Меѓународната организација на трудот (МОТ), Ревидираната Европска социјална повелба и релевантните директиви на Европската унија – и ја оценува усогласеноста на националните механизми со европските и меѓународните стандарди. Во трудот се идентификуваат низа пречки за ефикасен социјален дијалог, како што се политичката поларизација, фрагментираноста на синдикалното движење, високата застапеност на неформалната економија и ниското учество на социјалните партнери во процесите на носење одлуки. Посебно внимание е посветено на улогата на Локалните економско-социјални совети (ЛЕС совети) како потенцијални носители на трипартитен дијалог на локално ниво.
Преку компаративна анализа со искуствата од избрани земји членки на ЕУ, во трудот се понудени конкретни препораки за јакнење на институционалните капацитети, обезбедување транспарентност и поттикнување култура на суштинско учество. Наодите упатуваат на тоа дека подобрувањето на правната и институционалната рамка за социјален дијалог може значително да придонесе кон засилување на социјалната кохезија, поефикасно управување со пазарот на труд и одржлив социо-економски развој на Северна Македонија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Biljana Todorova
Date Deposited: 29 Jan 2026 08:59
Last Modified: 29 Jan 2026 08:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37342

Actions (login required)

View Item
View Item