Македонските русалии денес - реликт на древните ритуални игри

Vitanova-Ringaceva, Ana (2025) Македонските русалии денес - реликт на древните ритуални игри. Савремена српска фолклористика XIV, 362 (86). pp. 305-328.

[thumbnail of Македонските русалии.pdf] Text
Македонските русалии.pdf

Download (1MB)

Abstract

Русалиите како машки обредни поворки коишто во минатото биле активни во времето на т.н. некрстени денови, претставуваат интегрален дел од македонската обредна традиција. Активноста на овие специфични обредни игри се случува во т.н. обредно време, а самите игри имаат заштитна функција. Хтонскиот карактер на игрите се препознава во начинот на организација на самите игри, реквизитите (голите сабји, секирата и тапанот), табуата коишто ги следат како и силното почитување на култот кон природата и култот кон мртвите предци. Самите движења, облеката, звукот на тапанот и ората, ги претставуваат русалиите како суштества од другиот свет коишто се подготвени да се соочат со злото, да му се спротивстават и да го уништат. Еден од начините како да се зауздаат злите сили била примената на танцот и играта како дел од синкретичната пракса. Русалиските игри во Македонија во минатото имале своја регионална распространетост и тоа во југоисточниот дел што ги опфаќа Струмичкиот и Гевгелиско-валандовскиот регион. Русалиските дружини коиштоорганизирано го практикувале обредот во неговата изворна форма, биле активни до втората половина на XX век. Новите општествени контексти доведоа до тоа русалиските игри да ја изгубат својата оригинална изведувачка форма и обредната практика што произлегува од нив и како такви повеќе не се среќаваат. Тие одамна ги изгубиле формата на изведување како и целта, бидејќи до денес останале да опстојуваат само како обичај кој се изведува во с.Секирник за време на празниците Голема Богородица и Велигден. Она што денес го имаме како сведоштво за некогашните игри се фолклорните дружини коишто сѐ уште го негуваат русалиството како реликт од древните обредни
игри, коишто биле практикувани од нивните предци. Во овој труд ќе се обидеме да направиме пресек на русалиската обредна традиција во Македонија некогаш и денес, кога истата се применува во современ контекст, видоизменета форма и цел.

Клучни зборови: Русалии, обредни ритуали, македонска народна традиција, Струмица, Секирник, Гевгелија

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 27 Jan 2026 13:21
Last Modified: 27 Jan 2026 13:21
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37322

Actions (login required)

View Item
View Item