Zdravevska, Sara and Atanasova, Biljana and Spasov, Dusan and Spasova, Dragica and Ilievski, Mite (2025) Интегрална заштита на растенијата - принципи, стратегии и современи предизвици. In: VI Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 12 Nov 2025, Stip.
Sara Zdravevska.pdf
Download (713kB)
Презентација-Сара.pdf
Download (3MB)
Abstract
Интегралната заштита на растенијата претставува современ и сеопфатен пристап за заштита на растителните култури од штетници болести и плевели, со минимално влијание врз животната средина. Таа се базира на комбинирање на различни методи – агротехнички, механички, биолошки и хемиски, со цел постигнување ефикасна и одржлива заштита. Биолошките мерки, како, користењето на природните непријатели на штетниците, овозможуваат одржување на природната рамнотежа, додека културните практики, како правилната ротација на културите и соодветното одржување на почвата, ја намалуваат појавата на болести. Хемсиките средства се користат само кога е навистина неопходно и во минимални количини, со што се избегнува непотребната и прекумерна контаминација на животната средина, како и развојот на отпорност кај штетниците.
Примената на интегралната заштита придонесува за поголема продуктивност и квалитет на културите, заштита на здравјето на луѓето и животната средина, како и рационално користење на природните ресурси. Исто така, таа промовира одржливост во земјоделството, овозможувајќи долгорочна заштита на растителното производство и зачувување на биоидиверзитетот. Со овој пристап, земјоделците се насочуваат кон превентивни мерки и систематско следење на состојбите во нивните насади, што ја намалува потребата од интензивна употреба на пестициди и ги штити еколошките системи.
Интегралната заштита на растенијата не е само техника за борба против штетници и болести, туку и стратегија за одржливо, безбедно и еколошки прифатливо земјоделство, која ги здружува современите научни достигнувања со традиционалните практики за заштита на културите.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
|---|---|
| Subjects: | Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
| Divisions: | Faculty of Agriculture |
| Depositing User: | Biljana Atanasova |
| Date Deposited: | 27 Jan 2026 13:21 |
| Last Modified: | 27 Jan 2026 13:21 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37318 |
