Инсектите како биоиндикатори за квалитет на животната средина

Madzarova, Nadica and Gorgieva, Angela and Taskov, Antonio and Atanasova, Biljana and Spasova, Dragica and Spasov, Dusan and Ilievski, Mite (2025) Инсектите како биоиндикатори за квалитет на животната средина. In: VI Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 12 Nov 2025, Stip.

[thumbnail of Nadica Madzarova, Angela Gorgieva, Antonio Taskov.pdf] Text
Nadica Madzarova, Angela Gorgieva, Antonio Taskov.pdf

Download (713kB)
[thumbnail of Презентација-Надица, Ангела, Антонио.pdf] Text
Презентација-Надица, Ангела, Антонио.pdf

Download (3MB)

Abstract

Инсектите претставуваат една од најразновидните и еколошки најзначајни групи организми на Земјата. Поради нивната голема разновидност, брза реакција на промените во екосистемите и различните еколошки ниши што ги населуваат, тие овозможуваат навремено откривање на нарушувања предизвикани од антропогени фактори, како што се загадувањето, промената на живеалиштата и климатските влијанија. Преку следење на нивната бројност и присуство на одредени видови, можно е да се процени состојбата на екосистемите и степенот на влијанието на човекот. Водните инсекти од редовите Ephemeroptera, Plecoptera и Trichoptera, како и некои копнени видови од редовите Coleoptera, Formicidae и Lepidoptera, често се користат во биомониторинг програми за оценка на квалитетот на водата, почвата и вегетацијата. Нивната присутност, бројност и видова структура се тесно поврзани со степенот на загадување и квалитетот на средината.
Примената на инсектите како биоиндикатори придонесува кон развојот на интегриран биомониторинг, кој обединува биолошки, физички и хемиски податоци за попрецизна еколошка проценка. Овој пристап е особено значаен во време на климатски промени, кога традиционалните методи на следење не секогаш обезбедуваат доволно информации за биолошките последици од деградацијата на животната средина.
Во Македонија постои голем потенцијал за воведување биоиндикаторски системи базирани на инсекти во програмите за заштита на водите, почвите и земјоделските екосистеми. Воспоставувањето на долгорочни мониторинг програми, изработката на соодветни стратегии и развојот на стручни кадри би претставувале клучен чекор кон современо и одржливо управување со природните ресурси.
Тоа значи дека инсектите не се само показатели за еколошката состојба, туку и стратегиски партнери во заштитата на биодиверзитетот и обезбедувањето на здрава животна средина за идните генерации.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Biljana Atanasova
Date Deposited: 27 Jan 2026 13:26
Last Modified: 27 Jan 2026 13:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37317

Actions (login required)

View Item
View Item