Kosevaliska, Olga and Mancev, Gjorgi (2025) Од форензички факт до правна квалификација: убиство на подмолен начин во судската практика. Македонска ревија за кривично право и криминологија, 32 (1-2). ISSN 1409-5327
4. Кошевалиска Манчев.pdf
Download (402kB)
СОДРЖИНА CONTENTS(9).pdf
Download (356kB)
Abstract
Овој труд претставува интердисциплинарна анализа на кривичноправниот поим
„подмолен начин“ при извршување убиство преку спојување на правната интерпретација со
судско-медицинските наоди од обдукцијата. Истражувањето ги опфаќа одлуките за убиство
на подмолен начин на три судски инстанци во Република Северна Македонија ‒ Основен
суд Струмица, Апелационен суд Штип и Врховниот суд ‒ со цел да се утврди како судовите
ги вреднуваат форензичко-медицинските докази при квалификацијата на делото. Особено
внимание се посветува на односот помеѓу објективните елементи (положбата на жртвата,
насоката и карактерот на повредите, реконструкцијата на настанот) и субјективниот елемент
на умислата. Резултатите покажуваат дека обдукцискиот протокол и исказите на вештите
лица имаат пресудна улога во разјаснувањето на механизмот на повредите и околностите на
нападот, со што значително влијаат врз правната квалификација на делото. Трудот заклучува
дека доследната интеграција на правната аргументација и судско-медицинското вештачење
се неопходни за прецизно толкување на „подмолниот начин“, обезбедувајќи усогласена
судска практика и почитување на стандардот на докажување „надвор од разумно
сомневање“.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Law |
| Divisions: | Faculty of Law |
| Depositing User: | Olga Kosevaliska |
| Date Deposited: | 28 Jan 2026 09:00 |
| Last Modified: | 28 Jan 2026 09:00 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37314 |
