Крсте Петков Мисирков и македонското прашање

Stojanovski, Strasko and Marolov, Dejan and Doneva, Natasa (2025) Крсте Петков Мисирков и македонското прашање. Yearbook, Faculty of Law, 15 (15). ISSN 1857-8713

[thumbnail of К. П. Мисирков.pdf] Text
К. П. Мисирков.pdf

Download (3MB)

Abstract

Понекогаш конфузната природа на градењето на нацијата (нациите) и национализмот во доцноосманлиска Македонија е прашање кое ја преокупира научната мисла повеќе од еден век. Суштината на градењето на македонската протонационална, а потоа и етнонационална свест е во автентичниот израз на создавање на идејата на посебност наспроти другиот, традиционалната религиска, лингвистичка, територијална и политичка афилијација на македонскиот селанец и протодржавните структури вообличени во рамките на МРО. Сепак, во доцниот 19-ти и раниот 20-ти век, јасно ќе се искристализира идејата за целосно оформен Македонски национален идентитет, кој како проекција го гради Крсте Петков Мисирков. Од аспект на современите теории за нациите и национализмите, во Македонија се воочува присуството и на територијално-политичкиот и на етно-јазичниот модел. Исто така, многу јасно воочливо е трансформирањето на идентитетската диференцијација преку доминантно религиската примарна идентификација врамена во османлискиот милет систем, преку панславизмот, во чист национализам. Сите овие фази се контингентни, што значи следната ја инкорпорира претходната.
Клучни зборови: Македонија, нации, национализам, идентитет, Крсте Петков-Мисирков

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Natasa Doneva
Date Deposited: 26 Jan 2026 12:21
Last Modified: 26 Jan 2026 12:21
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37286

Actions (login required)

View Item
View Item