Состојба на оралното и дентално здравје кај деца со трајна дентиција

Naskova, Sanja (2025) Состојба на оралното и дентално здравје кај деца со трајна дентиција. International Journal Knowledge, 73 (4). ISSN 1857-923X

[thumbnail of ORAL+AND+DENTAL+HEALTH+STATUS+IN+CHILDREN+WITH+PERMANENT+DENTITION.pdf] Text
ORAL+AND+DENTAL+HEALTH+STATUS+IN+CHILDREN+WITH+PERMANENT+DENTITION.pdf

Download (929kB)

Abstract

Големата улога на оралното здравје во одржувањето на доброто вкупно здравје кај лугето денес е сосема признаена и прифатена. Оралниот морбидитет претставува состојба на болест на усната празнина при што доаѓа до нарушување на хармонијата и биолошката рамнотежа во взаемното делување на надворешни и внатрешни фактори како и пореметување на нормалните случувања во усната празнина. Хигиената на устата и забите претставува еден од најзначајните фактори и мерка за унапредување и сочувување на оралното здравје. Задачата на оралната хигиена е да се отстранат од устата материите кои можат да имаат штетно дејство врз тврдите забни ткива, оралната лигавица и пародонталните ткива. Во оралната средина со занемарена орална хигиена и присуство на дентален плак, забен камен и конкременти, освен појавата на забен кариес и пародонтални заболувања можни се и други патолошки процеси кои отсуствуваат кај лица кои одржуваат правилна и редовна орална хигиена. Поттикнати од ова сознание за големото значење на здравјето на забите нашата цел ја насочивме кон истражување на детерминирање на тоа дали кај различни социјални средини постои корелација помеѓу денталното здравје и можните фактори на ризик а еден од нив е и оралната хигиена. Главната цел на ова истражување е да ја детерминираме корелацијата помеѓу состојбата на оралното и денталното здравје на перманентните заби и типот на населби во кои живеат учениците од рурално-урбани димензии и да укажеме на евентуална нееднаквост во здравјето помеѓу училишните деца во споменатите општини и при тоа да ги детерминираме навиките на одржување на орална хигиена и регистрација на индексот на орална хигиена. Поставените цели се реализирани со направени стоматолошки систематски прегледи кај 472 ученици на возраст од 12-15 години од двата пола од основните училишта во градот Штип и од училиштата во селските населби во околината на градот. Според добиените резултати за честотата на навики на одржување на орална хигиена на испитаниците од градот Штип 1.03% никогаш не ги миеле забите и 9.39% од испитаниците од околината, нередовно ги миеле 5.15% од испитаниците од Штип и 19.88% од околината, еднаш на ден ги миеле забите 45.36% од испитаниците од Штип и 24.31% од испитаниците од околината, навечер и наутро ги миеле 32.02% од испитаниците од Штип и 39.23% од испитаниците од околината и по секој оброк ги миеле забите 25.42%од испитаниците од Штип и 7.18%од испитаниците од околината. Резултатите за хигиенските навики на испитаниците укажуваат на постоење на многу висока статистичка разлика помеѓу вредностите на двете испитувани групи испитаници кога се однесува на испитаниците кои никогаш не ги миеле забите (p<0.001). Резултатите од нашето истражување укажуваат на интеракција на повеќе фактори не еднакви за урбаните и рурални средини и потребата од систематско и континуирано стоматолошко просветување и примена на сите достапни превентивни мерки за заштита од кариес и пародонтални заболувања.Клучни зборови:орална хигиена, дентален кариес, трајна дентиција

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Naskova
Date Deposited: 20 Jan 2026 12:04
Last Modified: 20 Jan 2026 12:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37168

Actions (login required)

View Item
View Item