Прагматичко-дискурсивна компетенција во наставата по странски јазици-теоретски осврт и критичка рефлексија

Ivanovska, Biljana and Xhaferri, Gzim (2025) Прагматичко-дискурсивна компетенција во наставата по странски јазици-теоретски осврт и критичка рефлексија. Knowledge, International Journal Scientific Papers, 73 (5). ISSN 1857- 92

[thumbnail of PRAGMATIC-DISCURSIVE+COMPETENCE+IN+FOREIGN+LANGUAGE+TEACHING+–+THEORETICAL+OVERVIEW+AND+CRITICAL+REFLECTION.pdf] Text
PRAGMATIC-DISCURSIVE+COMPETENCE+IN+FOREIGN+LANGUAGE+TEACHING+–+THEORETICAL+OVERVIEW+AND+CRITICAL+REFLECTION.pdf

Download (854kB)
[thumbnail of KIJ, Vol. 72.5-1-22 (4)-1-9.pdf] Text
KIJ, Vol. 72.5-1-22 (4)-1-9.pdf

Download (787kB)

Abstract

Апстракт: Целта на овој труд е да се дискутираат одредени аспекти напоттикнување на прагматичко-дискурсивната компетенција во наставата по странски јазици. Се разгледуваат поимите прагматичка и дискурсивна компетенцијаво наставата по странски јазици, чиј развој добива посилен фокус по појавата на комуникативниот пристапво 70-тите години на XX век. Истражувањето се темели на комуникативната парадигма и на концептот на комуникативна компетенција, при што се анализира нивното влијание врз современата дидактика. Се истакнува дека и покрај значајниот напредок на поддисциплините како прагмалингвистиката, социолингвистиката и конверзациската лингвистика, нивната примена во наставата сè уште е ограничена. Особено внимание се посветува на меѓусебната поврзаност меѓу граматичката и прагматичко-дискурсивната компетенција, при што граматиката се поима како интеракциски феномен што го вклучува илокуцискиот и перлокуцискиот аспект на говорот. Преку примерот на јазичната учтивост, што претставува прагматичен и дискурсивен феномен, се покажува дека на наставата по странски јазици на филолошките факултети –повеќе отколку на наставата по јазиците во другите наставно-уметнички контексти –треба да се посвети поголемо вниманиена јазичната употреба (parole) и на пренесувањето на прагматичкото и дискурсивното знаење и вештините поврзани со овој феномен. Во овој контекст се анализира како може да се поттикнат комуникативната свесност и прагматичко-дискурсивната компетенција во наставата по странски јазици во областа на филолошките науки.Клучни зборови: прагматичко-дискурсивна компетенција, граматичка компетенција, настава по странски јазик, комуникација.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 29 Dec 2025 09:11
Last Modified: 29 Dec 2025 09:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37125

Actions (login required)

View Item
View Item