Ivanovska, Biljana (2025) Меѓу јазиците и културите: турските зборови во германскиот јазик врз примери од дневниот весник Der Tagesspiegel (2000–2024). Зборник на трудови од 27 Меѓународен симпозиум на турската култура, 1 (1). pp. 15-27.
zbornik-na-trudovi-27-megjunaroden-simpozium-na-turskata-kultura-1-15.pdf
Download (2MB)
zbornik-na-trudovi-27-megjunaroden-simpozium-na-turskata-kultura-16-28.pdf
Download (969kB)
Abstract
Современиот германски јазик содржи турски зборови главно
поради големата турска дијаспора во Германија, особено од 1960-тите години
наваму, кога многу Турци пристигнале како „Gastarbeiter“ (гастербајтери) по
договорот за регрутирање работна сила меѓу Германија и Турција во 1961 година.
Оваа миграција довела до културна размена, вклучително и јазична, при што
многу турски зборови навлегле во секојдневниот германски јазик, особено во
урбаните средини со големи турски заедници, како Берлин, Келн и Хамбург. Во
овој труд се разгледуваат примери на лексеми кои се анализираат како потврди од
дневниот печат Der Tagesspiegel, во периодот од 2000 до 2024 година. Анализите
се добиени преку потврди користени со електронскиот корпус COSMAS на
Институтот за германски јазик од Манхајм. Турските зборови во германскиот
јазик често се поврзани со храната, културата или социјалните интеракции.
Вообичаено станува збор за заемки (Lehnwörter) кои често се прилагодуваат на
германската граматика. На пример: „Der Döner“ (со определен член во машки
род („der“); „ein Baklava“ се користи во среден род („das“), иако во оригиналниот
турски јазик нема граматички род. Во трудот се разгледува значенската употреба
врз конкретни реченични примери добиени од јазичен контекст и нивната
употреба во секојдневниот германски јазик кој се однесува на пишаниот јазик во
дневниот печат. Се анализираат лексеми од областа на гастрономијата, но и од
неформалниот говор. Тие ја одразуваат културната размена меѓу двете заедници
во Германија и претставуваат мост за зближување на двете култури.
Клучни зборови: културна размена, јазична интеракција, турцизми, заемки, германски јазик.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Biljana Ivanovska |
| Date Deposited: | 20 Jan 2026 09:58 |
| Last Modified: | 20 Jan 2026 09:58 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37124 |
