Управување и дијагноза кај пациенти со плеврален излив кои се подложни на торакоцентеза

Redzepi, Ruzdi (2025) Управување и дијагноза кај пациенти со плеврален излив кои се подложни на торакоцентеза. Doctoral thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Ruzdi Redzepi_Doktorska disertacija.pdf] Text
Ruzdi Redzepi_Doktorska disertacija.pdf

Download (2MB)

Abstract

Вовед: Плевралниот излив претставува клинички значајна патологија, дефинирана како акумулација на течност во плевралниот простор, што резултира со компресија на белите дробови и нарушување на респираторната функција. Целта на ова истражување беше да се проучи комплексната интеракција помеѓу демографските, клиничките и терапевтските фактори кај пациенти со плеврален излив, со посебен акцент на малигни заболувања, и нивното влијание врз квалитетот на животот.
Материјал и методи: Во студијата беа вклучени 133 пациенти со симптоми на диспнеа, кашлица, хемоптизија и општа слабост. Систематски беа документирани демографските податоци, анамнезата, физикалниот преглед, биохемиските и радиодијагностичките испитувања. Дијагностичките методи вклучуваат компјутеризирана томографија, бронхоскопија и торакоцентеза, додека терпавтските опции опфаќаа торакоцентеза, диуретска терапија и плеуракан. Квалитет на животот на пациентите беше оценет со QLQ-LC13 прашалник, овозможувајќи соодветна проценка на субјективната симптоматологија.
Резултати: Анализата на резултатите покажа доминација на пациенти од машки пол (72,9 %) и лица од рурални средини (61,7 %), со висока преваленца на пушење (85,7 %). Просечната возраст на испитаниците изнесуваше 62,9 ± 8,2 години, со среден број на испушени цигари од 23,4 ± 14,0 дневно и средно траење на пушење од 29,5 ± 16,3 години. Најчесто присутни симптоми беа диспнеа (75,2 %) и хемоптизија (24,8 %). Компјутеризираната томографија откри апикални и хиларни промени, додека бронхоскопските наоди беа позитивни кај 82,7 % од случаите. Цитолошките и хистопатолошките анализи најчесто идентификуваа аденокарцином (25,6 %) и планоцелуларен карцином (24,1 %). Плеврална ефузија беше присутна кај 84,2 % од пациентите, најчесто еднострано. Терапевтски, најчесто примената интервенција беше торакоцентеза (39,1 %), следена од диуретската терапија (27,8 %) и плеуракан (15,8 %). Статистичката анализа откри значајна поврзаност помеѓу демографските фактори и развојот на малигни заболувања, додека хемоптизијата не се покажа како сигурен предиктор за малигни промени. Малигните заболувања не беа значајно поврзани со ексудативните плеврални изливи, додека торакоцентезата се покажа како ефективна дијагностичка метода. Присуството на плеврална ефузија значително влијаеше врз квалитетот на животот, при што умерени и благи симптоми беа најчести според QLQ-LC13 прашалникот.
Заклучок: Заклучоците на истражувањето истакнуваат дека управувањето со плеврални изливи бара мултидисциплинарен клинички пристап. Навремена дијагноза, прецизна етиолошка класификација и индивидуализирани терапевтски стратегии се клучни за оптимизација на исходот и подобрување на квалитетот на животот на пациентите. Овие резултати ја потенцираат важноста на интегрираното и персонализирано клиничко менаџирање кај пациенти со малигни плеврални изливи.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tatjana Ruskovska
Date Deposited: 23 Dec 2025 08:32
Last Modified: 23 Dec 2025 08:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37074

Actions (login required)

View Item
View Item