Ivceva, Elena and Petrovski, Mihajlo and Babunska, Milena and Papakoca, Kiro (2025) Најчесто користени локални антимикотични средства во денталната медицина. In: Фармацевтот како алка помеѓу традиционалната и иновативната терапија, 27 Sept 2025, Stip.
елена симпозиум фармацевти (1).pdf
Download (391kB)
kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija-2-simpozium trud.pdf
Download (662kB)
Abstract
Габичните инфекции се едни од најчестите инфекции во усната празнина
предизвикани од сапрофитната габичка – Candida albicans. Истите може да се
манифестираат самостојно локализирани во усната празнина или пак да бидат дел од една
системска состојба. Главната цел на ова истражување е да се презентираат најчестите
локални (топични) антимикотични агенси кои најчесто се користат во денталната медицина.
Локално, оралната кандидијаза може да се третира со помош на различни фармацевтски
формулации, како раствори, масти или пак гелови. Како најчесто користен традиционален
метод меѓу стоматолозите во третман на оралната кандидијаза се споменува растворот на
сода бикарбона (една мала лажичка во една чаша вода). Понатаму, доста често од страна
на стоматолозите се препорачува употребата на раствор нистатин. Значајна предност на
овој раствор е тоа што истиот по плакнењето на усната празнина може или да се исплука
или да се проголта, што влијае и на превенцијата на ширењето на габичната инфекција во
дисталните делови на дигестивниот тракт. Овој раствор кај новороденчињата се
препорачува да се користи во дози од 5 до 10 капки, кај деца од 10 до 15 капки, а кај
возрасни од 20 до 30 капки три пати дневно. Постојат и масти кои ја содржат оваа активна
компонента (нистатин) коишто се користат за третман на микотичните ангуларни хеилитиси
(воспаленија на аглите на усните). Во третманот на оралната кандидијаза може да се
користи и миконазол во форма на гел, со кој се премачкува оралната лигавица 3-4 пати во
текот на денот во времетраење од десет дена. Локалните габични инфекции, како едни од
најчестите, важно е да бидат навремено препознаени, при што задолжителната
консултација со лекар стоматолог е неопходна за нивното успешно третирање и
спречување на можни компликации.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Mihajlo Petrovski |
| Date Deposited: | 23 Dec 2025 08:15 |
| Last Modified: | 23 Dec 2025 08:15 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37065 |
