Koroveshovska, Iskra (2025) Интегритетот на македонските традиционални во споредба со онлајн медиумите: известување за трагичниот пожар во Кочани. Proceedings of the Twelfth International Scientific Conference "Social Changes in the Global World", 1 (12). pp. 337-348.
Iskrа+КОROVESHOVSКА.pdf
Download (4MB)
Abstract
Тема на овој труд е анализата на интегритетот на традиционалните медиуми во споредба со онлајн медиумите во Република С. Македонија, со фокус на клучните предизвици, предности и слабости на секој од овие медиумски сегменти, кога известуваат за кризни состојби. Во светот, ова се уште е актуелна дебата бидејќи во состојба сме на постојано дигитализирање и глобализација на информациите, заради што традиционалните медиуми, како што се телевизијата, радиото и печатените медиуми, се соочуваат со нови извори на конкуренција и нови етички дилеми, предизвикани од појавата на онлајн медиумите и социјалните мрежи. Оваа теза во трудот ќе биде детално, квалитативно и квантитативно анализирана, но и илустрирана преку начинот на известување од една страна, на традиционалните, а од друга на онлајн медиумите во земјава, во два клучни дена: 16 март 2025 година, кога се случи пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани и 20 март 2025 година - денот на погребувањето на жртвите. Онлајн медиумите, со својата брзина, достапност и интерактивност, понекогаш го нарушуваат концептот на новинарскиот интегритет, додека традиционалните медиуми во многу случаи го задржуваат високото ниво на проверка на фактите и професионалните стандарди. Но, како да се изборат на медиумскиот пазар, наспроти брзината и маркетинг битката на онлајн медиумите? Овој труд ќе понуди и соодветен заклучок како одговор, преку компаративна анализа и примери од одредени региони и земји. Во заклучокот се нудат препораки за подобрување на интегритетот на онлајн медиумите преку усвојување на етички стандарди и соработка со традиционалните медиуми за зајакнување на веродостојноста на информирањето.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Uncontrolled Keywords: | традиционални и онлајн медиуми, интегритет, етички стандарди, кризни состојби |
| Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Media and communications |
| Divisions: | Faculty of Law |
| Depositing User: | Biljana Kosturanova |
| Date Deposited: | 10 Dec 2025 09:00 |
| Last Modified: | 10 Dec 2025 09:00 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37036 |
