Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот

Velinova, Eva and Karanikikj Josimovska, Jovana (2024) Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот. Арс Ламина, Скопје. ISBN 978-608-280-123-0

[thumbnail of 69_Italijanskata literatura i kultura 1-10.pdf] Text
69_Italijanskata literatura i kultura 1-10.pdf - Published Version

Download (156kB)

Abstract

Делото ги предочува спецификите на овој период од италијанската литература и култура, ги запознава читателите со творештвото и достигнувањата на најзначајните претставници на барокот, просветителството и неокласицизмот во Италија, имајќи ги предвид придобивките на нивното творештво и истражување врз целокупниот понатамошен развој на науката и културата на глобално ниво: хелиоцентричната теорија застапувана од Џордано Бруно, емпирискиот метод на Галилео Галилеј (покрај многу други епохални иновации), филозофијата на историјата од Џамбатиста Вико, иновативните вешти метафори на Џамбатиста Марино, реформата на театарот на Карло Голдони, општествено ангажираната поезија на Џузепе Парини, интроспективните морални драми на Виторио Алфјери, импровизирачката моќ на актерите на Commedia dell’arte, вештите поигрувања со традиционалните форми и актуелните теми на Винченцо Монти и многу други новини претставени во теоретскиот дел и поткрепени во практичниот дел со извадоци од конкретните дела.
Паралелно со книжевните вредности кои ги истакнува книгата, за секој од споменатите периоди е направен преглед на значајни уметнички дела од музиката, скулптурата, архитектурата или сликарството.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovana Karanikik
Date Deposited: 10 Dec 2025 10:14
Last Modified: 10 Dec 2025 10:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37006

Actions (login required)

View Item
View Item