Kitanov, Vladimir (2025) Рурален туризам. Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. ISBN 978-608-277-130-4
RURALEN TURIZAM.pdf
Download (687kB)
Abstract
Здравата животна средина и рекреативниот одмор станаа секојдневна тенденција на современиот човек. Луѓето сé повеќе се определуваат за покуси одмори и патувања, трагајќи по нови искуства и доживувања, враќајќи се кон природата, на изворните вредности и кон оживување на локалните традиции и културно историските споменици. Оваа цел наметна потреба од постојани промени во сите стопански гранки а со самото тоа и во руралниот туризам. Бидејќи руралниот туризам е во корелација со природната средина, тој ги обединува и задоволува целите на овие потреби, прилагодувајки се на новите услови на пазарот, за изменетите побарувања на корисниците на услугите. Со помош на овој вид туризам, денес, сé повеќе рурални средини се развиваат и насочени се кон унапредување на стопанскиот раст и зголемување на земјоделското производство, што подразбира одржлив, еколошки, економски и социјален развој, бидејќи претставува зачувување на сите оние вредности кои се благосостојба на идните генерации.
Нашата земја има големи потенцијали за развој на руралниот туризам, со своите автентични предели кои треба да се задолжителна станица за сите оние кои сакаат да комбинираат најразлични туристички активности. Истовремено, разбирливо е дека се потребни поголеми промени и инвестиции, за да се чекори со новите трендови во европскиот и во светскиот туризам, кои на нашата земја ќе можат да и донесат повеќе прилив во туризмот, од досегашниот.
Неразвиените рурални подрачја и понатаму заостануваат со општествено-економскиот развој, во однос на урбаните средини, што претставува голем проблем за секоја држава. Доколку Република Северна Македонија, како држава со огромни природни и антропогени ресурси ги стави во употреба сите тие ресурси во функција на развојот на руралните подрачја, ќе се дојде до побрз стопански развој, со запирање на депопулацијата, до зголемено и забрзано вработување на работно способните жители, до зголемување на приходите, со што ќе се воспостави рамнотежа помеѓу урбаните и руралните подрачја. Доколку сакаме да го намалиме притисокот и приливот во урбаните средини, а истовремено и да го поттикнеме развојот на руралниот туризам, неопходно е да ги искористиме сите стратешки предности на руралните подрачја и тие стопански и нестопански активности да ги интегрираме во локалните средини, но и генерално во државата. Покрај овие ресурси, неопходни и се системски закони и мерки (кои ги донесува државата), создавање на стопански амбиент, градење инфраструктура и донесување соодветни мерки во економската и аграрна политика, а кои ќе бидат во функција на развој на руралниот туризам.
Овој учебник е наменет, пред сé, за сите студенти кои студираат туризам, но и за сите оние кои сакаат да партиципираат во развојот на руралниот туризам. Низ осумте поглавја, елаборирани се почетоците на туризмот и основните поими кои се среќаваат во литературата, почетоците и развојот на конкретниот, сегментиран – рурален туризам, разновидните форми на руралниот туризам, како и факторите кои влијаат врз развојот на понудата и побарувачката, ефектите кои се добиваат од развојот на овој вид туризам, но и меѓународните и домашните искуства кои се реализирани во руралниот туризам. Овој учебник нуди и предлага низа локалитети и атракции во Република Северна Македонија кои ќе ги мотивираат идните туристи да ги посетат, при што ќе ги прошират своите видици, но и ќе го продолжат позитивниот економски развој на нашата земја.
| Item Type: | Book |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
| Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
| Depositing User: | Vladimir Kitanov |
| Date Deposited: | 04 Dec 2025 09:09 |
| Last Modified: | 04 Dec 2025 09:09 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36983 |
