Leontik, Marija (2025) Ариф Дамар (1925-2010) - Во чест на 100-годишнината од раѓањето. Зенит - списание за наука, литература, култура и уметност, 14 (14-15). p. 106. ISSN 2671-3217
2025-ЗЕНИТ 14-15--М.Леонтиќ-Ариф Дамар.pdf
Download (19MB)
Abstract
Ариф Дамар е роден на 23 јули 1925 година во селото Караинебејли (Karainebeyli) што се наоѓа во околината на Чанаккале (Çanakkale). Татко му умира кога Ариф има пет години, а мајка му починува кога има единаесет години. Поради ова кај него се пробудува голема поетска сензитивност и талент за пишување. Ариф Дамар почнува да пишува поезија во основното образование. Ариф Дамар на почетокот на своето творештво во 1940 година се инспирира од книжевното движење Прва нова (поезија) и од социјалистичкиот реализам, во 1955 година се интересира за книжевното движење Втора нова (поезија), а подоцна во зрелата возраст развива свој стил на поезија во која се забележува лиризам, општествена, космополитска и индивидуална чувствителност. Тој постојано внесува новини во својата поезија, а само рефлексиите на неговиот живот во поезијата се непроменливи елементи. Ариф Дамар во своите песни ги опева љубовта, разделбата, надежта, татковината, местата во кои живее или престојува, борбата, рефлексиите на Втората светска војна, актуелните домашни и светски настани, смртта, сиромаштијата, општествената свест, човечките односи и друго. Песните се пишувани со едноставен и разговорен турски јазик, главно во слободен стих, со повторување на зборови, синтагми или стихови со кои некогаш постигнува мелодичност, а некогаш напнатост. И кусите лирски песни и долгите епски песни пленат со својата едноставност, мисли и пораки. Ариф Дамар почина на 20 октомври 2010 година на 85 години во Истанбул поради срцева слабост. Беше погребан на гробиштата во Ченѓелкој.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Marija Leontik |
| Date Deposited: | 25 Nov 2025 09:22 |
| Last Modified: | 25 Nov 2025 09:22 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36933 |
