Корпоративна казнена одговорност во Македонија - судска и правно-политичка перспектива

Tusevska, Borka and Panev, Kristijan (2025) Корпоративна казнена одговорност во Македонија - судска и правно-политичка перспектива. In: XII International Scientific Conference "Social Changes in the Global World", 25 - 26 Sept 2025, Stip.

[thumbnail of Book of abstracts 2025_Tushevska and Panev.pdf] Text
Book of abstracts 2025_Tushevska and Panev.pdf

Download (811kB)

Abstract

Современите правни системи сè повеќе го напуштаат концептот на „исклучување од правна одговорност“ на правните лица, потврдувајќи ја нивната улога како значајни субјекти во правниот и економскиот живот.
Под влијание на бројни меѓународни конвенции и појавата на нови и зачестени форми на колективен и транснационален економски криминал, се наметна и потребата од воведување на казнена одговорност на правните лица и систем на санкции што се прилагодува на природата на правните лица и го зафаќа нивниот имот, репутација и деловно работење.
Со измените на Кривичниот законик од 2004 година, македонското законодавство го прифати концептот на корпоративна казнена одговорност. Сепак, недостасуваат истражувања за криминалитетот на правните лица, ефективноста и казнената политика на судовите кон правните лица како сторители на казнени дела, а не постојат ниту официјални статистички податоци за правни лица – сторители на казнени дела.
Овој труд, врз основа на теоретска анализа и оригинални емпириски податоци од судската практика на целата територија на државата, прави преглед на казнените дела на правни лица, презентира податоци за бројот на правни лица – сторители на казнени дела и ја испитува казнената политика кон правните лица како сторители на казнени дела, вклучувајќи ги најчестите форми на криминалитет, видот и висината на применетите санкции.
Потпирајќи се на добиените податоци и анализа, авторите се на став декa постои исклучително блага казнена политика и ретка примена на споредните казни кон правни лица, што ја доведува во прашање ефективноста и применливоста на концептот на корпоративна казнена одговорност.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Kristijan Panev
Date Deposited: 24 Nov 2025 09:09
Last Modified: 24 Nov 2025 09:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36893

Actions (login required)

View Item
View Item