Ацо Шопов во книжевната критика

Kozinkova, Vesna (2023) Ацо Шопов во книжевната критика. Зборник трудови 50. Меѓународна конференција на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, 1 (1). pp. 386-400.

[thumbnail of Ацо Шопов во книжевната критика.pdf] Text
Ацо Шопов во книжевната критика.pdf

Download (328kB)

Abstract

Во развитокот на современата македонска поезија Ацо Шопов има исклучително важно место. По ослободувањето македонската поезија продолжи да се развива преку поетските оставрувања на повеќе значајни поетски имиња меѓу кои Шопов има важно место. Тоа е затоа што тој ги обележа сите развојни фази низ кои помина македонската поезија давајќи свој посебен белег во нејзината афирмација, не само во земјата, туку и надвор од нејзините граници. Неговиот поетски растеж не остана незабележан од македонската критичка мисла која секогаш будно го следи секое негово ново поетско остварување и го нотира влијанието коешто тоа го има врз развитокот на поезијата. Овој труд има за цел да го проследи поетското творештво на Шопов видено преку книжевната критика со посебен акцент на начинот на кој критичарите ги толкуваат неговите теми, јазикот со кои тие теми се остваруваат, влијанието на фолклорниот образец, како и неговата индивидуалност и оригиналност.
Клучни зборови: критика, лирика, модернизам, емоционалност, фолоклор

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Vesna Kozinkova
Date Deposited: 18 Nov 2025 09:00
Last Modified: 18 Nov 2025 09:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36810

Actions (login required)

View Item
View Item