Kozinkova, Vesna (2023) Хетеролошките аспекти во поезијата на Ацо Шопов. Зборник на трудови „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“, 1 (1). pp. 383-394.
ХЕТЕРОЛОШКИТЕ АСПЕКТИ ВО ПОЕЗИЈАТА НА АЦО ШОПОВ.pdf
Download (267kB)
Abstract
Ацо Шопов е поет кој со силата на своето перо, со силата на својата поетска имагинација, со силата на својот збор ја обележа врвицата по која се движеше современата македонска поезија. Ако народната песна ја обележа неговата прва поетска фаза, веќе во подоцнежните песни, посебно со идејата за Небиднината, личното и индивидуалното се стопуваат со народната песна на едно повисоко творечко ниво. Целикупното поетско творештво на Ацо Шопов е длабоко проткаено со неговото детство, неговиот роден град и неговата татковина. Меѓутоа, познат е фактот дека треба да се отиде далеку за да се слушне вистината, да се излезе надвор за да се види тоа внатре, да се побегне од себе за повторно да се пронајде. Таква е лирската, интимната биографија на овој маестрален поет, кој ја напиша Песна на црната жена како поетски тестамент од неговиот престој во Африка. Таму ќе го однесе неговото провидение за да пронајде својата праслика. И таму на тој древен континент, откривајќи го светот, ја открива татковината. Тоа е крстопатот на две Другости – сопствената и туѓата. Едната – црната Африка со сите нејзини симболи и предели, а другата – татковината, длабоко доживеана и штотуку откриена. Овој труд има за цел да ги покаже хетеролошките аспекти на поезијата на Ацо Шопов во кој акцентот е ставен на категоријата Друг/Другост, која воспоставува систем на бинарна опозиција со категоријата Јас/Истост и нивното спојување како концепт Помеѓу. Зад Едното и Другото, сопственото и туѓото, се наѕира Третото што поврзува и овозможува поврзување.
Клучни зборови: култура, симболи, татковина, традиција, хетерологија
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Vesna Kozinkova |
| Date Deposited: | 18 Nov 2025 08:53 |
| Last Modified: | 18 Nov 2025 08:55 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36807 |
