Marolov, Dejan and Stojanovski, Strasko and Doneva, Natasa (2025) Крсте Петков Мисирков како претходник на теориите за меѓународни односи: Анализа на „За македонските работи“. Twelfth International Scientific Conference "Social changes in the global world" Faculty of Law, Goce Delcev - Stip, 12 (12).
К. П Мисирков.pdf - Published Version
Download (1MB)
Abstract
Крсте Петков Мисирков, еден од најзначајните македонски интелектуалци, во своето дело „За
македонските работи“ нуди извонредна анализа на меѓународниот систем и надворешната
политика на државите, како и нивното влијание врз малите народи. Иако не располагал со
современите теоретски концепти, неговите согледувања интуитивно се усогласуваат со
принципите на структурниот реализам, балансот на силите и дипломатските стратегии што
подоцна ќе бидат формулирани во науката за меѓународни односи.
Овој труд ја истражува визијата на Мисирков за улогата на големите сили, динамиката на
сојузништвата, значењето на меѓународното право, како и неговите согледувања за важноста на
дипломатското знаење и концептите како јавна дипломатија. Неговата критика на тогашниот
меѓународен систем, неговите идеи за прагматични сојузи и автономија во рамките на
Османлиската Империја ја покажуваат неговата способност да ги разбере сложените
геополитички реалности на своето време. Притоа, Мисирков не само што ја идентификува
зависноста на малите народи од интересите на големите сили, туку и предлага стратегии за нивно
позиционирање, демонстрирајќи напредно геополитичко размислување.
Овој труд покажува дека неговите анализи и предвидувања претставуваат рана форма на
концептите кои подоцна ќе станат основа на модерната теорија на меѓународни односи, што го
прави не само аналитичар на своето време, туку и интелектуален пионер на глобално ниво
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Law |
| Divisions: | Faculty of Law |
| Depositing User: | Natasa Doneva |
| Date Deposited: | 18 Nov 2025 11:44 |
| Last Modified: | 18 Nov 2025 11:44 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36805 |
