Vitanova-Ringaceva, Ana (2025) Култот на плодноста и еротското изразени во обичајот „каранфил“ – реликти на претсвадбената обредност во Струмица и во Струмичко. Македонски фолклор, 86 (88). pp. 25-42. ISSN 2671-3993
Kultot na plodnosta vo obicajot Karanfil.pdf
Download (541kB)
Abstract
Во овој труд ќе се осврнеме на магиската функција на
претсвадбените обредни активности, коишто денес се практикуваат како обичаи во свадбените церемонии во Струмица. Магискиот аспект на свадбените обредни активности упатува на тоа дека свадбата, како еден од најважните обреди на премин, има за цел склопување брак и оставање здраво потомство. Свадбената обредност вклучува магиски активности поврзани со култот на плодноста и активности за заштита на младите од влијанието на злите сили. Во Струмица, во градската средина е познат стар претсвадбен обичај, познат како „Каранфил виене“ (или само „Каранфил“). Смеата, потенцирањето на телесното, афирмацијата на еротското и женската сексуалност се интегрален дел од овој обичај, којшто денес сѐ уште живее. Самиот обичај чува елементи од древната обредност: гротескното сфаќање на телото (машко и женско), вегетативната и аграрната обредност, зооморфните
претстави, симболиката на водата, земјата, косата, цвеќето (пупката). Репродуктивните органи и самиот полов чин најчесто семантички се претставени преку овошјето и зеленчукот, но и преку метафорите во песните што се пеат. Самиот обичај вклучува пеење песни со еротска содржина, т.н. „мрсни или срамни песни“, а ги пеат возрасни жени, чијашто репродуктивна функција повеќе не постои. Од аспект на ваквата уснопоетска еротологија може да се каже дека песните, коишто ги пеат исклучиво жени, се песни со
поучна содржина и тие треба да ја воведат девојката во брачниот живот, но и песни – коишто имаат заштитна или апотропејска функција. Песните со својата ласцивност претставуваат силни метафори во кои се содржи плодноста
како основен лајтмотив. Денес тие го изгубиле својот обреден карактер, како и функцијата, но останале да живеат сраснати со обичајот, којшто пак е подложен на промени, во согласност со новото време.
Клучни зборови: Струмица, каранфил, свадба, еротско, култ на
плодноста
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Ana Ringaceva |
| Date Deposited: | 18 Nov 2025 08:16 |
| Last Modified: | 18 Nov 2025 08:16 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36790 |
