Збирка задачи со вежби и активности по математика за седмо одделение - Материјали за поддршка на учењето -

Atanasova-Pacemska, Tatjana and Trifunov, Zoran (2025) Збирка задачи со вежби и активности по математика за седмо одделение - Материјали за поддршка на учењето -. [Teaching Resource]

[thumbnail of Збирка задачи по математика за 7 одделение.pdf] Text
Збирка задачи по математика за 7 одделение.pdf

Download (1MB)

Abstract

Збирката задачи со вежби и активности по предметот Математика за седмо одделение е изработена според новата наставна програма. Таа претставува современо дидактичко помагало за учениците, но и за наставниците и љубителите на математиката и служи за постигнување на резултатите од учењето, но и за проширување и продлабочување на математичките знаења.Во збирката се поместени вежби и активности кои интегрираат СТЕМ содржини како и проблеми од реалниот живот за чие разбирање и решавање се користат математичките знаења и концепти. Со тоа се уочува нераскинливата врска на математиката и останатите науки, а на учениците им овозможува зајакнување на математичката и функционалната писменост.Содржините се прилагодени и на процесот на дигитална трансформација за што се очекува наскоро и можности за персонализирано учење и следење на резултатите од учењето на соодветна дигитална платформа. Најголем дел од вежбите и активностите во темата Геометрија се изработени во посебни аплети од образовниот софтвер Геогебра и до нив се пристапува слободно преку QR-код, со што е направен обид за целосна дигитализација на процесот на решавање но и резонирање.Збирката е персонализирана, во неа секој ученик може да пишува, а има и задачи кои е препорачливо да се решаваат во тетратка или на дигитална платформа.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Matematics
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Tatjana A. Pacemska
Date Deposited: 12 Nov 2025 10:29
Last Modified: 12 Nov 2025 10:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36784

Actions (login required)

View Item
View Item