Atanasova-Pacemska, Tatjana and Trifunov, Zoran (2025) Математика за IV година, средно стручно образование,Струки: Геолошко-рударска и металуршка/Геологија, рударство и металургија, Градежно-геодетска/ Градежништво и геодезија, Електротехничка/Електротехника, Машинска/Машинство, Сообраќајна/ Сообраќај, транспорт и складирање, Текстилно-кожарска/ Текстил, Кожа и слични производи и Хемиско технолошка/Хемија и технологија. Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје. ISBN 26-576/1
Full text not available from this repository.Abstract
Во учебникот се обработени основните теории и концепти на современата математичка наука кои се неопходни во оформувањето на наведените стручни профили. Од теориски и практичен аспект, обработени се содржини во 4 различни модуларни единици – низи и прогресии, елементарни реални функции, гранична вредност на функции со една реална променлива и извод на функција (основи на диференцијалното сметање) како најпотребни и најупотребувани во теоријата и практиката. Посебно внимание е ставено на обработката на реалните функции каде секој математички поим е поврзан со соодветен стручен поим од теоријата и практика, што на учениците се очекува да ја приближи примената на математичките методи и инструменти во толкувањето на резултатите добиени од различни анализи и истражувања. Учебникот содржи доволен број на решени примери кои на учениците ќе им помогнат во совладувањето на методите и техниките за решавање на математичките проблеми во технички контекст. Примерите се поткрепени со графички прикази, најчесто нацртани во отворениот софтверски пакет ГЕОГЕБРА. Учебникот содржи и задачи кои се делумно или целосно нерешени и тие се наменети за самостојна работа на учениците со цел постигнување на поголема успешност, ефикасност и ефективност во совладувањето на наставниот материјал и постигнување на резултатите од учењето. Во овој учебник направен е почетен обид да се овозможи директен пристап до дигиталните ресурси – аплети (интерактивни дигитални скици) изработени од авторите.
| Item Type: | Book |
|---|---|
| Subjects: | Natural sciences > Matematics |
| Divisions: | Faculty of Computer Science |
| Depositing User: | Tatjana A. Pacemska |
| Date Deposited: | 12 Nov 2025 10:26 |
| Last Modified: | 12 Nov 2025 10:26 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36781 |
