Заборавот како нишка за спас од траумите на животот

Denkova, Jovanka (2025) Заборавот како нишка за спас од траумите на животот. Современост, 80(74) (1). pp. 155-169. ISSN 0038-5972

[thumbnail of Современост, 2025.pdf] Text
Современост, 2025.pdf

Download (533kB)

Abstract

Романот „Сара и заборавениот плоштад“ од Зоран Пеневски, нѐ воведува во исклучително несекојдневна проблематика, заради која романот се чита во еден здив. Овој роман има изразена авантуристичка и фантастична содржина, составена од петнаесет приказни, напишани од авторот Зоран Пеневски, а илустрирани со слики од Душан Павлиќ. Посебна вредност на романот му дава извонредниот спој на текстот и сликите.
Главен лик во романот „Сара и заборавениот плоштад“ е дванаесетгодишното девојче Сара, која за нејзиниот летен распуст сака да оди кај баба ѝ на гости, но наидува на “заборавениот плоштад” и таму се среќава со ликови кои пропатно се јавуваат во овој роман. Главен лик во овој роман е и птицата Бертолд, која живеела со бабата Кристина, и всушност посакува да биде мачор.
Светот на Сара додека ја бара баба ѝ, се одвива во еден нереален, фантастично-чудесен простор во кој таа се сретнува со нереални личности кои помалку или повеќе ѝ помагаат во потрагата по баба ѝ. Птицата Бертолд/Берти која си замислува дека е мачка е постојан нејзин придружник во текот на потрагата. Тие двајцата заедно ќе се сретнат со кралот на белите сенки, мајсторот од работилницата за поправка на детството, ќе влезат во музејот преполн со стари пишувачки машини, потоа во продавницата каде што порцеланските садови зборуваат и така натаму. Нивните средби се крајно необични и фантазерски со нереални разговори.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovanka Denkova
Date Deposited: 03 Nov 2025 08:06
Last Modified: 03 Nov 2025 08:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36700

Actions (login required)

View Item
View Item