Arsovska, Katerina and Dzeparoski, Marjan (2023) Автоматизираните фармацевтско-технолошки постапки овозможуваат нови пристапи во стерилното производство на лекови. In: Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици, 23 Sept 2023, Stip.
UGD I kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija.pdf
Download (1MB)
Автоматизираните фармацевтско-технолошки постапки овозможуваат нови пристапи во стерилното производство на лек[651].pdf
Download (1MB)
Abstract
Со напредокот на технологијата, автоматизацијата има значајно влијание врз фармацевтската индустрија, посебно во областа на стерилното производство. Во овој ревијален
труд ги прегледуваме последните истражувања за влијанието на автоматизацијата во стерилното производство и како оваа технологија овозможува нови пристапи и подобрувања.
Направен е преглед на влијанието на автоматизацијата и разгледани се начини за решавање на потенцијалните предизвици, како валидацијата и регулаторните барања, интеграцијата на различни системи, квалитетот и безбедноста на производите, обуката и континуираната едукација на персоналот. Некои од најсериозните предизвици во употребата на автоматизирани процеси се поврзани со приспособување на постоечките инфраструктури, промена на културата
и прифаќањето на новите технологии, како и финансиските аспекти поврзани со инвестициите во автоматски системи. Исто така, се истражуваат и развиваат начините за управување од
далечина со помош на автоматизирани процеси во фармацевтската технологија, што може да oвозможи пристап и контрола на стерилното производство преку интернет, отворајќи нови можности за ефикасност, праќање наредби и надгледување на процесите во реално време. Од
опсегот на истражувањето се открива дека автоматизацијата има потенцијал значително да ја подобри ефикасноста и прецизноста на стерилното производство. Воведувањето на
автоматските системи и роботика придонесува до редуцирање на човечката грешка и влијае на подобрувањето на конзистентноста и повторливоста на процесите.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Marjan Dzeparoski |
| Date Deposited: | 03 Nov 2025 08:05 |
| Last Modified: | 03 Nov 2025 08:05 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36678 |
