Жените и рецидивизмот: трендови, фактори и предизвици за правосудниот систем на Северна Македонија

Kosevaliska, Olga and Maksimova, Elena and Nanev, Lazar and Zimoska, Ivona (2025) Жените и рецидивизмот: трендови, фактори и предизвици за правосудниот систем на Северна Македонија. In: 12 th International Scientific Conference "Social Changes in the Global World", 25-26 Sept 2025, Stip. (Unpublished)

[thumbnail of Programa  - 12 conference, Faculty of Law, UGD.pdf] Text
Programa - 12 conference, Faculty of Law, UGD.pdf

Download (460kB)
[thumbnail of Presentation conference 2025.pdf] Text
Presentation conference 2025.pdf

Download (1MB)

Abstract

Рецидивизмот кај жените во Република Северна Македонија е, академски и стручно, недоволно обработена тема и е неадекватно применувана како варијабила при креирање на политики за превенција на женското престапништво.
Презентацијата ја прикажува анализираната појавата на рецидивизмот кај женската популација осуденици во Република Северна Македонија во периодот 2017–2024 година,компарирано со податоци од претходната декада, со особен фокус на повторното извршување на кривични дела од областа на имотните деликти. Анализата на достапните податоци од судовите покажува дека најголем дел од нив не водат грижа за овој сегмент и немаат систематизирани податоци по ова прашање. Исто и дека најголем дел од жените рецидивисти повторно вршат кривични дела поврзани со имот, што укажува на силна поврзаност меѓу економската ранливост и криминалното поведение.
И покрај умерениот економски раст во земјата во наведениот период, жените остануваат економски маргинализирани – со ниско учество на пазарот на труд (околу 42 %) и ограничен пристап до флексибилни работни услови. Традиционалните родови улоги, недостигот на институционална поддршка за згрижување деца и ограничените можности за социјална реинтеграција се идентификувани како клучни фактори што придонесуваат за рецидивизам кај жените. Истражувањето претставува обид да се интерпретираат овие обрасци преку интерсекционална перспектива која ги зема предвид и структурните, и индивидуалните фактори во објаснување на женското криминално однесување. И пред се да служи како апел за сите релевантни чинители на правосудниот систем во земјата, дека овој параметар е особено важен при креирање на превентивна политика, како и при доделување на соодветен третман кај жените престапници, и спроведување на целокупната репресивна политика.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Maksimova
Date Deposited: 10 Oct 2025 09:12
Last Modified: 10 Oct 2025 09:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36539

Actions (login required)

View Item
View Item