Јазикот во поезијата на Иван Василевски

Vitanova-Ringaceva, Ana (2025) Јазикот во поезијата на Иван Василевски. Зборник на трудови од научната конференција Јазикот во уметничката литература, 171 (35).

[thumbnail of Јазикот во поетскиот израз на Иван Василевски.pdf] Text
Јазикот во поетскиот израз на Иван Василевски.pdf

Download (1MB)

Abstract

Во овој труд ќе се обидеме да го протолкуваме поетскиот дискурс на македонскиот поет Иван Василевски, што претставува успешен обид архаичната лексика да се издигне на ниво на поетски јазик. Во поезијата на Иван Василевски одѕвонува ехото на гласовите од минатото. Неговиот,
скоро ритуален пев, крие неверојатно богат семантички материјал, проникнат во суштината на зборот
изроден некогаш одамна во јазикот и мислата на мудриот предок. Неговиот поетски израз е стилски обликуван со оригинално поетско чувство за обликување на јазикот. Употребата на архаичната лексика на македонскиот јазик и формите од црковнословенскиот јазик го прават поетскиот говор на Василевски, фигуративен и стилски богат. Поемите „Азбукословецот“, „Петнаесетте“ и „Потомците на Чрт“ се лирско-епски творби во кои најдобро се исчитува и раслојува јазикот и поетиката на Иван Василевски. Токму во нив, авторот ја доизградува својата препознатлива поетика која се стреми кон откривање на старите зборови и нивното преобликување во нови семантички конструкции.
Клучни зборови: Иван Василевски, поема, архаична лексика, црковнословенска лексика.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 07 Oct 2025 11:11
Last Modified: 07 Oct 2025 11:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36516

Actions (login required)

View Item
View Item