Vitanova-Ringaceva, Ana (2025) Вевчанскиот карневал - традицијата во функција на политичката сатира. Зборник на трудови, 208 (3).
Zbornik SSF 15 - 012.pdf
Download (2MB)
Abstract
Карневалот во с. Вевчани во околината на македонскиот град
Струга претставува древна претхристијанска традиција којашто
до ден денес сочувала елементи од својата архаична форма. Овој карневал претставува нераскинлив дел од културната меморија на македонскиот народ. Преку обредното маскирање и играта, учесниците во карневалот ја остваруваат првата значајна функција, истерувањето на злите сили и нивно уништување. Секундарната функција којашто се препознава во современата форма на карневалот претставува критика на историските и општествено-политичките случувања. Традицијата стара околу 15 века денес е во функција на создавање сатирични контксти кои содржат пораки испратени со посредство на карневалските маски. Денес маските на Вевчанскиот карневал најдиректно се инспирирани од
локалните, националните, регионалните, но и светските политички текови кои директно или индиректно ја засегаат македонската држава. Вистинското негување на вековната традиција и нејзината (зло)употреба во дневнополитички контекст се двете тековни нарации на современата форма на краневалот. Старата карневалска традиција во Вевчани на некој начин претставува медијатор помеѓу традицијата и нејзината современа општествено-социјална, политичка и културолошка интерпретација. Во овој труд ќе ја разгледаме тезата за тоа, како една стара традиција како што е Вевчанскиот карневал, се трансформира во политичка сатира и критика на општествените случувања
Клучни зборови: Вевчани, карневал, традиција, политичка сатира
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Ana Ringaceva |
| Date Deposited: | 02 Oct 2025 07:50 |
| Last Modified: | 02 Oct 2025 07:50 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36490 |
