Ликот на Александар III Македонски во средновековната „Александрида“

Mladenoski, Ranko (2012) Ликот на Александар III Македонски во средновековната „Александрида“. Nie, I (1). pp. 7-25. ISSN 1857- 8004

[thumbnail of Aleksandar Makedonski vo srednovekovnata Aleksandrida.pdf] Text
Aleksandar Makedonski vo srednovekovnata Aleksandrida.pdf

Download (3MB)

Abstract

Трудот претставува елаборација на семантичкото поле на ликот Александар III Македонски во средновековната „Александрида“, односно во средновековниот Роман за Александар. Имено, во македонската средновековна книжевност го среќаваме ликот на Александар Македонски во неколку средновековни книжевни дела. Тука мислиме, пред сè, на средновековниот Роман за Александар Македонски, односно популарната „Александрида“, но и на еден средновековен расказ (или легенда) за Александар Македонски, како и на книгата од јеромонахот Атанас Македонец со наслов „Претскажувањата на Голем Александар“ објавена во Венеција во 1845 година. Од прегледот на овие македонски средновековни книжевни дела можевме да се увериме дека во нив ликот на Александар Македонски, меѓу другото, се интегрира и како семема којашто претставува пресек на бројни културни идентитети. Ова особено е доминантно во средновековната „Александрида“, но присутно е и во другите спомнати книжевни дела. Во овој труд се разгледуваат поодделно деталите во средновековниот Роман за Александар Македонски, односно „Александридата“, со тоа што акцентот е ставен на ликот на Александар Македонски од аспект на неговата наративна функција како интерактивен код на културите.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 17 Dec 2012 08:43
Last Modified: 17 Dec 2012 08:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3649

Actions (login required)

View Item View Item