Перзистентен форамен овале кај криптоген мозочен удар и транзиторна исхемична атака

Dzambazovska Zikova, Sanja (2025) Перзистентен форамен овале кај криптоген мозочен удар и транзиторна исхемична атака. Doctoral thesis, Goce Delcev University - Stip.

[thumbnail of Doktorski trud Sanja Zikova.pdf] Text
Doktorski trud Sanja Zikova.pdf

Download (1MB)

Abstract

Вовед: Криптоген мозочен удар (МУ) ја означува категоријата исхемичен МУ за кој не е пронајдена веројатна причина и покрај темелната дијагностичка евалуација, вклучувајќи околу 20-30 % од сите исхемични МУ. Соодветното етиолошко детерминирање на МУ е клучно за соодветно планирање на терапијата за секундарна превенција. Една половина од криптогените МУ кај младата популација се како резултат на парадоксална емболија преку десно-лев шант ( ДЛШ) и перзистентен форамен овале (patent foramen ovale, PFO). МУ поврзан со PFO опфаќа приближно 5% од сите исхемични МУ и 10% од исхемичните МУ на возраст од 18 до 60 години.
Цел: Примарна цел е да се утврди поврзаноста на криптоген МУ/транзиторна исхемична атака (ТИА) со PFO како независен ризик фактор преку детектирање на ДЛШ со транскранијален колор доплер ултрасонографија (ТККД) со меурчиња како скрининг модалитет за детекција на PFO кај различна возрасна популација.
Материјал и методи: Беше спроведена проспективна кохортна студија кај 172 пациенти над 18 годишна возраст, амбулантски или хоспитално лекувани на невролошкиот оддел во Општата градска болница „8-ми Септември“-Скопје, со акутен исхемичен МУ/ТИА, или во време од 1-месечно следење по акутниот настан. Пациентите беа поделени во две возрасни групи ( < 60 и ≥ 60 години) кај кои после деталните дијагностички испитувања пациентите од двете возрасни групи ги класифициравме според каузалноста во две подгрупи: криптоген МУ/ТИА и МУ/ТИА со позната причина. Евалуацијата и распространетоста на PFO преку детекција на ДЛШ со ТККД - меурчиња беше спроведена по етиолошката класификација на МУ/ТИА во двете возрасни групи. Статистичката анализа на податоците добиени од истражувањето беше направена во статистичкиoт програм SPSS 23,0.
Резултати: Значително повисока преваленца на PFO кај пациенти со криптоген во споредба со пациенти со МУ од позната причина е регистрирана кај пациенти на возраст < 60 години (56,6% наспроти 18,8%) и кај пациенти на возраст од ≥ 60 години (37,14% наспроти 11,76 %), соодветно. Мултиваријантната анализа прилагодена за возраста, хипертензија и коронарна болест покажа дека постоењето на ДЛШ е независно поврзано со криптоген МУ во помладата возрасна група (odds ratio, 4,012; 95% CI1,323 до 12,171 , p =0,0143,70) и во постарата група (odds ratio, 3,197; 95% CI 1,140 до 10,877, p=0,037). Пациентите со криптоген МУ/ТИА во двете возрасни групи имаа полесен невролошки дефицит и полесен МУ во споредба со пациентите со МУ/ТИА со позната причина и криптогениот МУ/ТИА со ДЛШ е значително почесто локализирани во вертебро-базиларната циркулација во споредба со криптоген МУ/ТИА без ДЛШ (60% vs.3%). Изложеноста на физичка активност како тригер фактор беше значително поврзана со присуството на ДЛШ во споредба со пациентите без ДЛШ (37% наспроти 8,33%, p=0,023) кај криптоген МУ/ТИА. RoPe резултат ≥7 е добиен кај 73,33% од пациентите со криптоген МУ/TIA кај пациентите помлади од 60 години. Кај 96,67% од пациентите со ДЛШ детектиран со ТККД – меурчиња беше потврден PFO со TEE и перкутано затворање на PFO беше реализрано кај 73,33% од пациентите помлади од 60 години. Сигнификантна асоцираност беше потврдена помеѓу мигрена и криптоген МУ со ДЛШ кај возрасната група помлади од 60 години (p<0.04), историја за мигренозни главоболки имаа 33.33% пациенти со ДЛШ и 8.7% пациенти без ДЛШ кај помладата возрасна група и во постарата возрасна група пациентите со ДЛШ незначајно почесто имаа мигрена од пациентите без ДЛШ (15.38% vs 4.55%, p=0.54).
Заклучок: Нашите наоди сугерираат дека PFO е силно асоциран со криптоген МУ/ТИА како кај помладите пациенти така и кај пациентите на возраст од ≥ 60 години. ТККД - меурчиња беше лесно изводлив, без несакани ефекти и соодветен метод како почетен скрининг за детекција на PFO кај сите пациенти. Нашите резултати сугерираат дека постои голем дел од пациентите со PFO и криптоген МУ/ТИА со веројатност дека PFO во нивниот случај е етиолошки поврзан со МУ и покажавме дека физичката активност – индуцирана Валсалва може да предизвика асимптоматскиот PFO да стане патолошки, предизвикувајќи МУ поврзан со PFO кај млади возрасни лица, поверојатно во задната вертебро-базиларна васкуларна територија.
Клучни зборови: перзистентен форамен овале, десно-лев шант, криптоген мозочен удар, транскранијален колор доплер ултрасонографија со меурчиња.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Svetlana Jovevska
Date Deposited: 15 Oct 2025 10:30
Last Modified: 15 Oct 2025 10:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36483

Actions (login required)

View Item
View Item