Предности и недостатоци при употреба на ласер во реставративната стоматологија и ендодонција

Longurova, Natasa and Zlatanovska, Katerina and Kovacevska, Ivona (2025) Предности и недостатоци при употреба на ласер во реставративната стоматологија и ендодонција. In: Third international conference – ETIMA 2025, 24-25 Sept 2025, online.

[thumbnail of Prezentacija Etima.pdf] Text
Prezentacija Etima.pdf

Download (380kB)
[thumbnail of Agenda ETIMA2025 [24.09.2025-25.09.2025].pdf] Text
Agenda ETIMA2025 [24.09.2025-25.09.2025].pdf

Download (513kB)

Abstract

Стоматолошките ласери се модерни алатки со бројни предности и индикации во стоматологијата, од отстранување на кариозните лезии, превенција на кариес, третман на гингивитис и пародонтопатија па се до хируршки интервенции.
Цел на овој труд е да ја прикажеме клиничката примена, предностите, предизвиците , начинот на работа во реставративната стоматологија и ендодонција. Направивме литературно пребарување на литературата во последните 10 години со цел запазување на современоста и моменталната застапенот на истиот.
Принципот на ласерската препарација е тоа што емајлот и дентинот добро ги апсорбираат ласерските зраци како резултат на водата и OH јоните на хидроксиапатот. При апсорпција на енергијата доага до зголемување на темературата и притисиокот во забното ткиво и резултира со отстранување на кариозното ткиво со запазување на принципот на минимално инвазивна препарација.
Ласерите имаат голема улога при елиминирање на микроорганизмите од коренските канали. Неуспешниот ендодонтски третман најчесто е резутлат на присуството на микроорганизми во коренскиот канал или во дентинските тубули. Со цел да се намали ваквото присуство на микроорганизми, и да се избегне можен неуспешен третман, се препорачува и ласерско зрачење на коренскиот канал.
Ласерот е алатка со голема предност, бидејќи засекувањети на тврдите забни ткивае без болка и притисок со што нелагодноста на пациентот е сведена на минимум, со отсуство на дискомфорт, болка , вибрации, притисок.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 29 Sep 2025 07:19
Last Modified: 29 Sep 2025 07:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36481

Actions (login required)

View Item
View Item