Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Todorovic, Emilija and Dzambazovski, Kristijan and Cuculeski, Nikola and Micevski, Mladen (2025) Регионални карактеристики на туристичката политика во светот. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-25-2
![Regionalni karakteristiki na turistickata politika vo svetot.pdf [thumbnail of Regionalni karakteristiki na turistickata politika vo svetot.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
Regionalni karakteristiki na turistickata politika vo svetot.pdf
Download (502kB)
Abstract
Книгата „Регионални карактеристики на туристичката политика во светот“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со туристичкиот бизнис и креирањето на туристичката политика. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на туристичката политика во земјата преку примери на државни органи задолжени за развој на туристичката политика кај земјите во светот.
Материјалот во книгата е поделен во три основни поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на основните аспекти на туристичката дејност, како дефинирање и развој на туристичката дејност, современи трендови во туристичката дејност и статистика поврзана со туристичката дејност во Република Северна Македонија.
Во вториот дел од книгата е посветено внимание на содржини поврзани со туристичка политика и меѓународниот развој на туризмот, како поим и дефинирање на туристичката политика, меѓународни организации и национални туристички организации.
Во третиот дел се обработува материјата поврзана со регионалните карактеристики на туристичката политика кај земјите во светот, преку примери на организација на туристичката политика во различни земји и административни територии од светските туристички региони Европа, Азија и Пацифик, Америка, Африка и Блискиот Исток.
Во книгата се прави обид да се даде основна анализа и преглед на состојбата со државните органи задолжени за туристичката политика кои имаат свои специфики и соодветни карактеристики во различни земји во светот.
За потребите на книгата користена е релевантна научна и стручна литература поврзана со туристичката политика во земјите од светот, како и интернетот. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со туристичката политика кај земјите од светот. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на уредникот и рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 17 Sep 2025 07:24 |
Last Modified: | 17 Sep 2025 07:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36409 |